Претерано претеравме со антибиотици

antibiotics_2506419b[1]

Потребни се итни мерки за контрола врз употребата на антибиотици, пред тие да престанат да работат, оставајќи голем број на медицински состојби – неизлечиви. Сето тоа ќе донесе висока и “ужасна човечка и економска цена”, предупредуваат научниците.

Отпорноста кон антибиотици расте со толку загрижувачка брзина што ризикуваме целосно да биде изгубена нивната ефикасност, што со други зборови значи дека медицински процедури како царски рез, местење на зглобови и хемотерапија наскоро можат да станат премногу опасни за да бидат изведувани.

Ако не се преземат итни мерки, инфекциите што стануваат резистентни на лекови ќе почнат да убиваат по 10 милиони луѓе годишно до 2050 година – повеќе отколку што ракот убива во моментов, предупредуваат авторите на извештајот.

Се смета дека инфекциите стануваат резистентни, и такви ги има сé повеќе, заради прекумерната употреба на лекови како антибиотиците и анти-габичните третмани, и тоа за лекување дури и на благи болести, како настинката. Прекумерната употреба создава отпорност кон лековите, што значи дека дури и некои денес несериозни болести, можат да станат неизлечиви.

- Реклама -