Гасовите што ги испуштаме додека гледаме филмови

СПОДЕЛЕТЕ

UNITED STATES - 1952:  Full frame of movie audience wearing special 3D glasses to view film Bwana Devil which was shot with new natural vision 3 dimensional technology.  (Photo by J. R. Eyerman/Life Magazine/The LIFE Picture Collection/Getty Images)

Во светот на цртаните, кривите линии нацртани врз некој карактер се резервирани за тие што се исклучително миризливи, благо речено. Во реалноста, сите заслужуваме такви. Секој од нас постојано емитува контантен тек од гасови и микроби, како и мириси. А тие гасови можат да откријат многу повеќе од тоа што последно сме јаделе. На пример, можат да покажат што искрено мислиме и чувствуваме за филмовите.

Во студија спроведена врз 9500 кино посетители, истражувачите најдоа дека хемикалиите што публиката ги испушта во вид на гасови додека гледа филм, несомнено варира во согласност со типот на сцената што ја гледа. Поконкретно, научниците забележале синхронизирани промени во количеството на одредени гасови за време на смешните и возбудливите делови од филмовите. Таквото откритие е еден мал аргумент дека луѓето всушност комуницираат преку сигнали во форма на променливи хемикалии. Потребни се многу повеќе аргументи за да се потврди таа смела хипотеза, ама едно е сигурно, според авторите – дека емисиите на гасови на публиката може да биде корисно во проценката дали филмовите се навистина смешни и забавни или возбудливи.

За потребите на студијата, истражувачите поврзале протон-трансфер-реактивен-масов-спектрометар („proton transfer reaction mass spectrometer“ или PTR-MS) на издувните вентили на вентилацијата на театарот, и тоа за време на 108 проекции на 16 различни филмови (меѓу кои и Buddy, The Hobbit и Carrie). PRT-MS мерел 100 од познатите 872 хемикалии што луѓето ги испуштаат.

Анализирајќи ги гас-профилите на различните публики за време на гледањето на ист филм, истражувачите забележале синхронизирани и повторливи растови во одредени хемикалии. На пример, забележале два скока на изопренот – гас поврзан со синтезата на холестеролот кај луѓето – во специфични моменти за време на прикажувањето на Hunger Games: Catching Fire. И двата скока кореспондирале со „клучни моменти во филмот: кога фустанот на хероината се запалува и кога почнува финалната битка“.

Следно, истражувачите ги класифицирале сите сцени во секој од филмовите, доделувајќи им етикети како „секс“, „комедија“, „неизвесност“ и „мистерија“. Потоа со суперкомпјутер ги анализирале податоците во обид да најдат уште поврзаности помеѓу конкретните типови на сцени и хемиските емисии.

Се испоставува дека најсилни хемиска поврзаност има со комичните и неизвесните сцени т.е. и со сцените со повреди. Овие последните, како дел од неизвесните, се поврзани со скокови во испуштањето на метанол, ацеталдехид, 2-фуранон и бутадиен. Така, заклучуваат научниците, емисионите шеми можат да користат и за објективно мерење на квалитетот на филмот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ