И досадата јаде џанк фуд

СПОДЕЛЕТЕ

130806145542_1_900x600[1]

„Досаден филмов, ќе зеам да грицнам морковче“ – не рекол никој, никогаш.

Досадата знае да биде многу тешка емоција, па оттаму и силен мотивационен фактор – за жал најчесто кон негативно однесување. Токму еден од нејзините ефекти се честите прошетки што ги правиме до фрижидерот или до најблиската продавница во набавка на грицки, слатки и бурек (кај поедини случаи), без воопшто и да ни се јаде.

Според новото истражување на научниците од Универзитетот на Ланкастер во Велика Британија, штосот е во тоа што непријатноста од досадата ни создава потреба од хормонот допамин, чие лачење, пак, е стимулирано баш од џанк фуд како што се слатките и мрсната храна.

Практичните експерименти во кои учествувале 52 лица покажуваат дека, на пример, луѓето што гледаат досадни видео клипови јадат значително поголемо количество брза храна во споредба со оние кои гледаат нешто интересно.

„Тоа ја потврдува теоријата дека досадата е поврзана со пониското ниво на допамин, хормон кој го стимулира мозокот. Луѓето се обидуваат истото да го зголемат и затоа консумираат мрсна храна и слатки производи, особено ако не се во состојба да ја надминат досадата на друг начин“, објаснуваат научниците, притоа повикувајќи ги диетолозите да ја земаат во предвид и досадата, вклучувајќи ја и таа на работното место, кога ги изготвуваат своите програми за здрава исхрана.

- Реклама -