Научниците добија дозвола да оживуваат луѓе

СПОДЕЛЕТЕ

toe_tag[1]

Американските компании добија дозвола да се обидуваат да ги оживеат луѓето што доживеале мозочна смрт.

Експериментот ќе вклучува цела низа од различни техники, вклучувајќи ласери и третмани со матични ќелии. Во првата фаза на тестирањето, обидите ќе бидат вршени на 20 субјекти, со што би се утврдило дали покажуваат било какви знаци на регенерација или реверзибилно враќање на процесот на мозочна смрт.

Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да ги одржат во живот мозочно мртвите пациенти така што ќе поттикнат обновување на мозочното ткиво – нешто што до моментов, а можеби и во иднина, не е можно да се изведе.

Еднаш кога мозокот ќе умре, луѓето веќе не можат да бидат вратени во живот, без оглед на тоа што нивните тела и понатаму растат, зараснуваат, варат храна, произведуваат фекалии и хормони, сексуално созреваат, можат да имаат температура, да донесат дете на свет и слично.

Иако мозокот на луѓето не се обновува, оваа карактеристика може да се воочи кај некои видови риби и водоземци. Компаниите „Bioquark“ и „Revita Life Sciences“ се надеваат дека истиот ефект ќе успеат да го произведат и кај луѓето, и истакнуваат дека новата техника еден ден би можела да биде од голема корист кај оболените од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Експериментите ќе бидат спроведени во болница во Индија.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ