НЕКОИ НОВИ ПИОНЕРКИ

pionirke_24052012_facebook625Уште еден 4 Мај за одбележување. Југоносталгичарите пак ќе се нацртаат пред ликот на Тито и ќе ни удрат една жалопојка за тоа како се живеело у нивно време. Дами и господа! Животот по нив замре. Сите ние кои денес живееме еден друг живот и на кои реалност ни е Македонија, можеме колективно да го попушиме. Ние абер неаме шо се тоа златни времиња, ние никаде не сме прошетале со нашиот пасош и никад нема да разбереме што е работна акција за изградба на својата татковина. Место каде шо се трљале цицки и паѓал секс на отворено. Автопатот Братство и Единство го изградија со добар и квалитетен асфалт и со многу тестостерон и естроген.А со кур не мрднаа за Македонија иако најдебелите пензии ги трошат во неа. Погледни ги Гоце твоите внуци. Хибриди неосвестени.

Едина слична работа шо денес ја има у нашава Македонија се новите современи пионерки. Оние надежните у титова Југославија кои му го дигаа стапот на стариот, ја дигаа и штафетата на младоста. Добар укус имал пастувот. Младите пилиња шо му паѓаа у очи, му го честитаа роденденот со штафета во рацете. Ден на младоста а он стар за сите пари. Перверзија од најтежок вид.Кастингот започнат, а он со пурата у рака. Come to daddy sweet girl!!! Долги нозе, убав задник, бела кошулка и црвена марама. Пионерките се излезени од лудиот фетиш на еден бравар кој у доцна старост премина на Виенски манири. Од јадење паштети, опашки и уши, на скап дивеч, кавијар, и сортни вина на скапите пијана.

Овие нашиве пионерки, некаде околу 4 Мај, најчесто се на клозетска шоља. Малку ќе се напрегнат и мазно ќе им излета кавијарот и скупото вино, испиено на јахтите на нивните другарчиња од старечките домови. Геријатрискиските случаи ги овековечуваат нивните весели фацки. Лефкада, Монте Карло, Милано, Венеција. Убаи пичонки на тоа фотките, ама некако сами. Дајте го фотографот дами! Гоце Делчев паѓа од постамент на вашата убавина но и на вашиот невкус. Тито? Тито би ви ја дал штафетата у рака! Кај него би прошле топ и би биле почесни пионерки на денот на младоста! Нека почне плескањето по газето!

Ја као непоправлив идеалист, овој 4 Мај , пак ќе му се поклонам на Гоце. Неговиот сон е жив додека ја имаме оваа наша земја, иако не во полн сјај. Сигурно не ја замислувал ваква ко денеска. Неговите внуци и по 30 години државност, да се раскарани, поделени и очи да вадат за ситни партиски интереси. Гоце загина млад за својот народ. Ние и во старост, плачеме за некоја си Југославија. Земја у која бевме Мека на црната металургија. Оние лудите Словенци кои наследија медицински центри, научни установи најмалку плачат за таа Југославија. А добија најмногу. Чудна работа. Нашите дедовци кои ,,не стигнале” на тоа заседание на АВНОЈ, на време го скопчале филмот. И Рацин и Ченто исто така. И двајцата загинаа од партизанска рака. Денес можеме да им се поклониме и на нив, веднаш до големиот Гоце. А да знаеа дека нивните потомци за туѓа земја ќе плачат? Веројатно ќе почнеа да идат по кафани, ќе си гледаа ќејфои и немаше никад да се на постамент. А и ние немаше да сме овде, кој знае….
Од мене сепак, СЛАВА ИМ…..

НАПИША: БУЛЕВАРКО(УЧЕСНИК ВО НОБ, СО СВОИ 36 ГОДИНИ СТАРОС)

- Реклама -