Колку пари прават пиратските торент сајтови?

Pirate-Bay-SS[1]

Торент и другите слични пиратски сајтови воглавно се финансираат од реклами (од тие досадните, кои најголемиот број на корисници ги имаат блокирано), од донации и од Bitcoin донации. Според специјализираниот вебсајт Torrent Freak, Bitcoin донациите се особено популарни од пред 3 години, кога најголемиот дел od популарни сајтови ја воведоа оваа опција како начин за поддршка за самоодржување и развој.

Иако оваа не е најраспространетата валута и го немаат сите, Torrent Freak наведува дека Bitcoin дава добра генерална слика за тоа колкав е „пласманот“ на кориснички донации на торент сајтовите, бидејќи ни донациите преку другите валути и сервиси не се нешто многу подобри.

Според статистиките, The Pirate Bay – како еден од најпопуларните пребарувачи на торенти и пиратски содржини, дневно заработува по помалку од 10 долари од Bitcoin донации. Откако ја воведе таквата опција има заработено 8.21 BTC, што според моменталниот курс изнесува околу 3.500 американски долари, за 12 месеци. На дневно ниво, тоа се 9.34 долари. Износите се јавни, а Bitcoin трансакциите се транспарентни и не постои начин да се сокријат, така што не станува збор за некакви ујдурми од страна на „пиратскиот залив“.

Сепак, за волја на вистината, оваа пресметка следува по драстичниот пад на донациите; во периодот од 2013-та до 2015-та,  The Pirate Bay заработи 126.64 Bitcoin донации, што му осигура околу 35.000 долари т.е. нешто помалку од 32 долара дневно. Дури и со тие бројки, од „старите добри времиња“, јасно е дека The Pirate Bay и сличните вебсајтови не заработуваат некои големи пари, барем не надвор од рекламите, од кои малку веројатно е да имаат некаква позначајна заработка. Да, заработка има, и таа дефинитивно ги привлекува творците да отвараат вакви торент сајтови, но таа е дефинитивно многу помала од таа за која пишуваа и се жалеа американските правници и филмската индустрија во своите тужби против сопствениците на торент сајтовите.

Заработката на другите торент сајтови, изразена во Bitcoin донации:
– Extra Torrent: 1 долар дневно (4.31 BTC од 2013)
– KickAss Torrent: 2 центи дневно (0.96 BTC од 2013). Патем, моментално Kickass Torrent e најпосетениот.

- Реклама -