Помфрит-пита со јаболка

 

recept1

Подобро од пита со јаболка е крцкава пита со јаболка во форма на пржени компирчиња. А и лесно се прави.

Потребно:

2 кори за пита
1 конзерва фил за пита со јаболка во блендер
1/4 шолја шеќер
1 лажичка цимет
1/4 лажичка морско оревче

Подготовка:

Се премачкува кората со филот. Се поклопува втората кора, па се премачкува со жолчка. Се сече на ленти, во форма на компирчиња. Се посипува со прав добиен од шеќерот, циметот и морското оревче. Се посипува обичен кристален шеќер. Се пече 15-20 минути во рерна.

- Реклама -