Илјадници заразени со вирус од флаширана вода

СПОДЕЛЕТЕ

798980_1280x720[1]

Повеќе од 4.000 луѓе од североисточниот дел на Шпанија закачија норовирус после пиење флаширана вода загадена со човечки измет.

Институтот за јавно здравје во Каталонија објави дека 4.146 лица биле третирани поради мачнини, повраќање и грозница во Барселона и Тарагона откако пиеле од контамираната вода од апарати за ладење. Шест лица се задржани во болница.

„Ова е прв пат норовирус да се најде во флаширана вода. Ова обично се случува со вода од чешма. Понекогаш се случува питката вода да се измеша со фекалната, но ете, во овој случај тоа е флаширана вода. Сега се поставува прашањето како тоа се случило и во кој момент од процесот на полнење“, рече Алберт Бош – професор по микробиологија на Универзитетот во Барселона, одговорен за анализа на загадена вода.

Производителот на водата од пазарот повлече повеќе од 6.150 шишиња, доставени во дури 925 компании, се вели во извештајот.

Патем, инфекција од норовирус може да предизвика ненадејни напади на тешко повраќање и дијареа. Вирусот е многу заразен и најчесто се пренесува преку храна или вода загадена со фекалии. Инфекцијата се шири и преку близок контакт со инфицирано лице.

Проливот, болките во стомакот и повраќањето обично почнуваат по 24 до 48 часа по изложувањето. Симптомите на болеста обично траат по 2-3 дена, а повеќето луѓе се опоравуваат без лекување. Вирусот се наоѓа во фецесот уште три дена по закрепнувањето.

Нели на Фиџи ја полнат бе? (Во овој случај, наводно, е флаширана во Андора).

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ