САКАМ КОЛОР ТЕЛЕВИЗОР, НЕЈЌУ ЦРНО-БЕЛ

СПОДЕЛЕТЕ

tv color test pattern, test card for PAL and NTSC

Се подсмеваат на шарената револуција. Луѓе со шарена идеологија, кои во својот живот сменија триста ставови, табори и идеологии. Бивши комунистички бригадири кои водилките на Маркс и Енгелс ги заменија со цитати на Тодор Александров, Ванчо Михајлов. Му се дичат на Андон Ќосето и на неговата револуционерна кама. Револуционер со муда, денес го воспеваат сенките на минатото кои некогаш заспиваа со сликата на Тито под перница. Нивната класна раководителка ги стави у нејзиниот тефтер, сите оние кои не сакаат да ја сварат нејзината хроника за откривање на теории на заговор. Те ванземљани биле, те странци биле, те земјата била рамна. Ништо чудно за некое време да ни продаат и приказна дека вагиналната линија не е вертикална ами хоризонтална.

Класната ќе шара причи а куририте ќе климаат со главата и ќе ракоплескаат.Оние најгрлатите од Австралија, Америка и Канада ќе побараат протерување на предавниците. Домашните домобрани ќе побараат да се забранат политичките партии и организации кои си фураат нормален живот и не прифаќаат да бидат пикани у автобус, тегнети за уши и турани у списоци. Еве, сеа влеговме у списокот на баба Мирка. На сите до еден ни ја најде дијагнозата. Грлатата бранителка на Бранко и ударна перјаница на СКМ ПДП во деведесетите, ќе ни продава лекции за тоа што било ВМРО. Шареното лудило кај нив започна многу одамна. Си го ишараа мозокот со секакви идеологии и тие во главно гравитираат кон центарот на моќ и власта. Учителке. Дај смени ја тоа брљата и остај ги децата на раат. Познат рефрен у песната Proper education-Hey! Teacher! Leave them kids alone!

А мојот нормален мозок кој знае да скопча колку се 2+2 се иритира на вакви агресивни дразби. Македонија не е ниту Украина ниту Сирија за да ни ја продаваат таа хорор приказна. Не бе батиња. Со тие куршуми не. Младината на Македонија не е пешадија на ИСИС која го руши Асад и онаа багра која му стегна стап у гс на Гадафи. Младината на Македонија нема да посегне да се испентари по крововите на Скопје и со снајпери да ги лупа своите ривали. Младината на Македонија ве опали вас сеачите на магла по сред нос со својата интелегенција, бунт и авангарда. Тука е проблемот пријателчиња. Оваа клапа на народ не можете да ја преваспитате. За вас е најдобра опција да не чуете или да почекате едно 20 тина години да се иселиме или да затупиме од вашите ноти. Преферирам да го направам она првото, ако нешто не се смени у догледно време.

Колку и да не труќаат со бомбастични најави и теории на заговор, ние остануваме цврсто на земја. Мрачните сили и странскиот окупатор беа синоним за едно друго време. Се посравте со Сталина-изреплицира Пиги у мојот омилен култен филм Среќна нова 1949. Наместо странските и мрачните сили да ги оставиме у минатото и во нашите траги-комични филмови, шаката шарени луѓе со шарени идеологии во минатото, ни ги сервираат секојдневно како реалност. Не бе пријателчиња. Ние ја сакаме Македонија! Таа е наша земја и немаме причина да ја уништиме затоа што тука создадовме семејства. Тука ни се школуваат децата. И кај нас дома се вее македонското знаме, и нас ни се дразни кожата на нашата химна. Гревот и предавството времето ќе ви го препише вам. Кога овој хорор ќе заврши и кога политичката борба повторно ќе се смета само како таква. Не на борба за живот и смрт. Така е тоа во нормалните земји каде што не владеат болните суети. Корумпиран политичар замунува во минатото и сите си ја фураат приказната натаму. Баба Мирка и нејзините ученичиња нека не бојат колку сакаат. Љубовта кон земјата ним нема да им ја докажеме. Ја докажуваме секојдневно. Се побучно и помасовно. Ја дигаме Македонија. Ја будиме од клиничка смрт.Ги кршиме нивните ноти и нивната песна. Доста беше! Пропагандата ќе ја испратиме таму каде што припаѓа. Во црната историја и во времето на каменоломите…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ