Тастатуро моја мила

Исклучи се барем за момент од сé што правиш и фокусирај се на копче на тастатурата. Притисни го. Освен ако не е расипано или потурено со Кока Кола и лепливо (како моево), нели е прекрасно? Нели ти побудува блага и убава аудио и допирна реакција? Секое притискање е мало уживање. Релаксира, смирува, ти прави масажа на нервите…

Ете, пандан на животот во една обична тастатура: ја штракаш цел ден, а притоа ги пропушташ илјадниците ситни задоволства што ти прават убаво на душичката.

- Реклама -