Кога се пензионираше Ширер

Alan-Shearer

На денешен ден пред 10 години се пензионираше херојот на англискиот фудбал. Ширер беше дечкото кој му кажа „НЕ“ на огромниот Манчестер Јунајтед и сите титули кои можеше да ги освои со него. Некои работи немаат цена.

Најмногу го паметат во дресот на ЊуКасл. Нормално, таму помина цели десет години (1996-2006), а дојде токму од клубот со кој претходната година ја освои Премиер Лигата („Последниот Лестер“, наречен Блекбурн). Со Њукасел заврши на втората позиција. Првата година Ширер и Њукасл успеваат да го заработат второто место во Премиeр лигата, по Манчестер Јунајтед кој е прв со 4 бода повеќе, а по него се Ливерпул и Астон Вила. Наредната година 96/97 го прават истиот подвиг.

Играше претходно и за Саутемтон, од 1988 – 1992. Ги бранеше боите и на англиската репрезентација од 1992 до 2000.

Во Премиер Лигата одигра 734 натпревари и постигна 379 голови.

Уживајте…

- Реклама -