Home Приказни од булеварот ПОЛИКОЛОР БРАНИТЕЛИ

ПОЛИКОЛОР БРАНИТЕЛИ

0
ПОЛИКОЛОР БРАНИТЕЛИ

boja2Скопје и Македонија се во црвена фаза на протести. Едните ја рушат власта а другите демек ја спасуваат државата од предавниците. Андон Ќосето може да се симне од постаментот кај судон и да почне да ги сече главите на одродените Македонци. Оние екселенции од Брисел и Вашингтон и во тој случај куртоазно ќе ни се смеат и ќе не трупкаат по рамето. Шаката режисери на хорор филмови, платени со народни пари да го бранат нивниот спонзор ќе вадат текстови на хипноза и на извртување на реалноста. Падот на еден или двајца политичари ќе ни го виткаат со сценарија и заговори од Дамаск, преку Киев па се до Скопје. Белград ќе го прерипаме пошо долги години од нив ги учиме овие уличарски фори на подјебавање. Толку добро шо сеа можеме да им ги шитнеме у надградена верзија. КЛАСНАТА катадневно ќе не торпедира со хорорите кои ги има у својата глава и ќе се шиканира се живо што мрда у земјава и му се повраќа од нејзините приказни.

Дечките кои маршираат во Скопје и кои тераат своја правда, ги обоија институциите у државава со неколку бомбици у боја и вода. Инвентарот на нашиот прецедник излета низ прозор, прозорите на неколку министерства беа искршени. Триумфалната капија доби торпедо од разни бои и street art по вкусот на илјадниците демонстранти. Загрижените домобрани почнаа да се жалат дека се уништувало културното наследство на Македонија. Повикуваат на народно обединување за одбрана на портата. Тоа шо државава отиде у клиничка смрт, никому ништо. Триумфалната порта и штабот на партијата се главните столбови на државата. Се друго нека иде и колатерал, заедно со народот кој го хушнаа еден против друг. Да се знае кој е власт и да се знае која партија има најголема зградурина у државата!

Сите флеки кои шо останаа по неколкуте објектчиња низ Скопје, ќе ги исчисти белиот поликолор. Лузните кои ќе останат во нашите души, нема да ги исчистат ниту децениите пред нас. На челото си се жигосавме на предавници и сендвич патриоти и тоа е срам кој повеќе тежи од сите слоеви на боја и камења, фрлени по мртвите институции.Ќе си останеме обезвреднети во очите на своите сограѓани иако иста судбина делиме. Онаа капија пред плоштад ми налукува на надгробен споменик. Надгробен споменик на еден мртов народ кој стана поевтина играчка дури и од самиот гипс картон.

Ние толку многу си ја сакаме државата што кариерата на неколкумина корумпирани политичари ја издигнавме над самата држава. Нивните кариери се побитни од иднината на земјата. До таму ни е свеста. Да не поредат у една колона и да ни удрат на сите по една клоца, шо овие година и кусур сме биле непослушни. Политичари ко нив нема други да најдеме. Народов може цел да се избербати кога е болна суета во прашање. А оние кои се ранат со трошките од нивните матни пари ќе дигаат магла и ќе ја убиваат у поим секоја здрава дебата.

Секаде во светот, крајот на политичката кариера е само крај на политичка кариера. Кај нас тоа се продава како крај на државата и пропаст на народот. Криминалците кои државата и народот не ја вадат од устата, на челата ни обоија амблеми кој од кој табор е. Со таа четка преку очите ќе живееме до крајот на животот, ако не погледнеме од другата страна на приказната, дека сите пред законите треба да се еднакви. И гладниот кој украл 3 кила месо и аздисаниот политичар кој здиплил неколку милиона. И пред да тргнеме да ги искречиме офарбаните ѕидови во градов, да си ги тргнеме жиговите од челата кои тие ни ги начукаа. Тогаш и ѕидовите во иднина ќе останат бели за секогаш. Како и нашата совест, која моментално е отруена од омразата и стравот на осомничениот….

НАПИША: БУЛЕВАРКО

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here