Да глумиш дека си богат се исплати

СПОДЕЛЕТЕ

top-image_95[1]Отвори го 50 Cent на Инстаграм и ќе помислиш дека човекот плива во пари, затоа што има еден куп слики на кои буквално плива во пари, скапи коли, блескав накит, лудо згодни женски и сé во тој манир. Во една таква не може да ги мрда нозете затоа што е закопан во пари, во друга фрижидерот му е полн со долари, а има и една во која парите му се така наредени што го испишуваат зборот „broke“ т.е. шворц, банкрот.

Е, оваа последнава е малку повистинита од другите, затоа што Кертис Џексон Трети (вистинското име на Фифти) е стварно шворц – поднесе документи за банкрот во јули минатата година и декларираше долгови помеѓу 10 и 50 милиона долари. Кредиторите на музичарот го информираа судијата за овие негови чаталења на Инстаграм профилот, а кога во февруари 50 Cent беше повикан пред судот во Конектикет, судијата објасни дека има проблеми да ја препознае сличноста помеѓу човекот пред него и човекот на сликите на Инстаграм.

50[1]

Реакцијата на Џексон беше и едноставна, и неочекувана.

Куповите банкноти се „реквизитни пари“, пишува тој во документите поднесени до судот. „Само затоа што сум фотографиран во некоја кола или до неа со дадена облека и држам даден производ и седам на или до нешто што изгледа како голема сума пари, или позирам со скап накит – тоа не значи дека го поседувам сето тоа на овие слики“.

Фифти не е ни првиот, ни последниот кој го гради јавниот имиџ со „реквизити“ и изнајмени предмети. Јавна тајна во Холивуд е дека голем дел од облеката и накитот носени од ѕвездите се „позајмени“ т.е. дадени под наем од модни брендови. Луксузните автомобили? Тие најчесто се изнајмуваат од висококвалитетни застапништва специјализирани за работа со спортисти и ѕвезди.

50cent

Ова не е пракса само кај славните; сé повеќе обични луѓе изнајмуваат акцесоари со цел да демонстрираат начин на живот кој е многу повисок од нивните можности – со цел да прикажат имиџ на власт и влијание, а со надеж дека ќе им озовможи предност во животот. Со други зборови, инвестираат во тоа да изгледаат (со акцент на „изгледаат“) богато, бидејќи сметаат дека тоа ќе им помогне да станат богати.

Се исплати ли инвестицијата?

Консултантот за имиџ – Мериан Ротшилд, авторка на книгата „Изгледајте добро сега и секогаш“, пишува дека внесувањето на мали промени во начинот на живот, со кои демонстрирате присуство на богатство или власт дури и кога го нема, често е добра инвестиција за професионалците. На тоа треба да се гледа како инвестиција во сопствениот бренд.

„Во денешно време луѓето сé повеќе осознаваат: Треба да ја поставам летвата на она што мислам дека е мојот потенцијал и начинот на кој сакам да изгледа мојот живот. Затоа ќе инвестирам во купувањето на часовник Rolex, или во изнајмување на прекрасен автомобил, или во луксузен шопинг на гардероба за оваа сезона“, објаснува таа. „Тоа е како паун, ги ширите пердувите кои велат: Гледај ме!“.

big_fc4dbf3125c4f6ed7d0e5b8e0786985e[1]
Гледај ме!

Една неодамнешна студија на глобалната компанија за вработување OfficeTeam, констатира дека 80% од менаџерите го земаат во предвид изборот на облека на вработениот, кога размислуваат дали да му дадат покачување, а слично истражување на корејскиот универзитет Јонсеј утврди дека интервјуираните со јасно брендирана луксузна облека имаат поголема шанса не само да го добијат работното место, но и да им биде понудена повисока плата – во споредба со кандидатите со поевтина облека.

Истражувањето доаѓа до заклучок дека кандидатите за работа иснтантно го зголемуваат својот статус во очите на другите, ако активно покажат дека можат да си дозволат луксузни брендови – и соодветно на тоа, се прифатени како  повисоки во хиерархијата на капитализмот.

Керол Мегехи, коавтор на студијата и професор по маркетинг на универзитетот Коста Каролина во САД, вели дека начинот и моментот кога носите облека од познат бренд може да има голем потсвесен ефект врз вашата таргет публика.

Но, ефектот не е секогаш позитивен. „Ако сте жена која ќе биде интервјуирана од друга жена, не е пожелно да претерувате со демонстрација на луксузни брендови, бидејќи тоа може да работи во ваша штета“, објаснува таа. Да, во истражувањето Мегехи истакнува дека логоата на брендовите имаат сериозни предности во повеќето ситуации, но има и јасна тенденциозност кај жените, насочена кон истиот пол, која според неа донекаде се должи на завист.

Изнајмување на модни парчиња

Fashion-Rent the RunwayЏули Фиск имаше 25-годишна кариера како радио водител, но во 2014 ја изгуби работата. Се решава на нов професионален почеток, овој пат како филмски критичар. Новата улога бара таа да гостува на ТВ канали и да има јавни настапи во родниот Далас, што вклучува и присуство на настани каде што треба да интервјуира познати актери и режисери. Со сé поголемата потреба од „светкава“ облека, таа се свртува кон Rent The Runway – сервис кој им овозможува на жените да изнајмуваат дизајнерски фустани за многу помала цена од таа по која се продаваат.

„Никогаш не би можела едноставно да одам и да купам фустан од Каролина Херера за некој конкретен повод, но би можела да изнајмам“, објаснува Фиск.

Во меѓувреме кариерата ѝ цвета, а Фиск ќе рече:

„Дури и работодавачот или човекот – чие внимание се обидуваш да го освоиш – да не препознае дека носиш дизајнерска облека или фантастичен костум, начинот на кој се чувствуваш во него дефинитивно има ефект“, вели Фиск. „Ако се чувствуваш силно и привлечно затоа што носиш нешто од илјадници долари, тоа се чувствува кај луѓето наоколу“.

Истражувањата покажуваат дека начинот на кој се облекуваме за различни прилики, навистина влијае на тоа како се чувствуваме и како се самоперцепираме. Ова, за возврат, влијае на тоа како другите нé гледаат.  Научниците од универзитетот Нортвестерн во Чикаго, го нарекуваат „познание на облеката“, истакнувајќи (во истражувањето од 2012 година) дека носењето убава облека ни помага психички да се подготвиме за претстојната задача.

Поседувањето е демоде

Рон Конвеј, истакнат инвеститор од Силиконската долина, на неодамнешната конференција на Goldman Sachs изјави дека се случиле „сеизмички промени во американскиот сон“. Според него, луѓето сега повеќе го ценат пристапот, отколку поседувањето.

Rent the Runway е еден од многуте примери за начините на кои овој растечки тренд влегува во кариерната сфера. Слични услуги се достапни и во Велика Британија и Хонгконг, а има и такви кои се фокусираат на испорака на луксузни часовници, изнајмени на база на годишна претплата. Има и такви што изнајмуваат комплет облека со месечна претплата, а има и такви кои изнајмуваат бижутерии и чанти. Ако изнајмувањето на луксузен спортски автомобил не ви е доволна демонстрација на статус, можете да станете член на приватен авионски клуб како JumpJet или NetJets и да добиете сериозни отстапки при чартер летовите.

lordaleem[1]Поминување на границите

Природно, начинот на живот со изнајмен луксуз може  брзо да се претвори во нездраво „пување“ на егото. Важно е да искрен пред себе околу причините за пречекорување на буџетот. Ако недостасуваат видливи професионални резултати од тоа, „бегајте надвор од стапицата“, коментира Ротшилд. На пример, ако земаш кредит за да купуваш скапа облека, си забегал.

Сепак, Ротшилд е убедена дека за да бидеш сфатен како „одговорен, сигурен, просветен и компетентен“, важно е да постигнеш реална рамнотежа помеѓу искреноста и самоувереноста, гарантирајќи си дека „секој елемент од личниот бренд одговара на начинот на кој сакате да вé гледаат“.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ