Мисијата на Марс создаде интернет сензација од еден инженер

Милиони гледачи од целиот свет го гледаа слетувањето на роверот Curiosity на Марс, во живо. Но, дел од шоуто украде фризурата на еден од инженерите од компјутерската лабораторија на НАСА, Бобак Фердоси.

Бобак не само што има „четка“ на главата, што е крајно невообичаено за еден инженер, туку тоа не е обична четка. Тој има навика да ги менува фризурите за секоја наредна мисија, а за оваа, стилот бил изгласан од неговиот тим. Фризурата треба да наликува на американското знаме, со сини и црвени делови, како и жолти ѕвезди, за да се покаже патриотизмот во контролната соба.

Како и секогаш кога ќе се случи нешто невообичаено, интересно и кул, тоа служи како инспирација на многумина интернет корисници од целиот свет. Ова е само почеток за „типот со четката“…

[The Curiosity Landing Already Has a Meme: NASA’s ‘Mohawk Guy’]

- Реклама -