Попови во оставка

СПОДЕЛЕТЕ

epa02519495 A Greek Orthodox priest holds up a cross during Christmas services at a Greek Orthodox church in Gaza City, in the Gaza Strip, 07 January 2011. Christmas falls on 07 January for Orthodox Christians in Eastern Orthodox churches that use the Julian calendar instead of the 16th-century Gregorian calendar adopted by Catholics and Protestants and commonly used in secular life around the world. EPA/ALI ALI

Во школските денови имавме другар што беше голем верник. Ние бевме зелени и цинични гомнари, па секогаш го заебававме. По дипломирањето, тој одлучи уште повеќе да му се посвети на Исус Христос, па отиде да учи богословие. Тоа никого не изненади, но нé изненади кога дознавме дека ја баталил теологијата и дека се верил.

Не постојат многу јавно достапни податоци за свештениците кои креваат раце од својот занает, но сепак, во 2007 година, Ватикан објави дека 1.076 свештеници ја напуштиле црквата од оваа или онаа причина во периодот од 2000 до 2004 година.

За „одметниците“ не е лесно да си заминат. Затоа и постојат специјално формирани друштва во кои се собираат бивши свештеници, свештеници кои размислуваат за напуштање на црковните редови, попадики и жени во романтични врски со свештеници. Основач на едно такво е и Јозеф Стрежински. „Не водиме статистика околу членството. Луѓето доаѓаат и си заминуваат“, вели тој.

Па, со што се соочува еден свештеник во оставка? Стрежински смета дека главниот проблем е во тоа што луѓето кои се запопуваат или се замонашуваат се обврзани доживотно. Алтернатива не постои. А општеството генерално не прифаќа напуштање на свештенството, па затоа бившите свештеници често имаат потешкотии во градење на меѓучовечки односи со луѓето. Згора на сé, секојдневниот живот на „цивил“ делува застрашувачки, бидејќи свештениците никој за тоа не ги подготвува.

Отец Пјотр Џејџеј – парох во локалната црква во Голењово во северозападна Полска, за својата книга „Porzucone sutanny“ („Празни мантии”), собра приказни од поранешни членови на свештенството. И сам е свештено лице, но не ги осудува оние кои одлучуваат да ги напуштат редовите. Поттикот за книгата го добил откако еден негов добар пријател истапил од свештенскиот ред. „Кога во исто време одлучувате да го посветите животот на Христа, еден на друг сте како браќа. Заедно се запопивме. Бев шокиран кога си замина, бидејќи толку долго се познававме, а никој не знаеше дека за тоа воопшто размислува“.

Многу од интервјуираните во книгата се жалат на стандардите на верското образование. За отец Џејџеј, пак, немало препреки што би го одвратиле од свештеничкиот повик. „Единствено што ме изненади беше сомничавата атмосфера. Сите моравме да пазиме со некого случајно да не се замериме, некој да не нé оптужи заради нешто што не сме направиле, макар што верувам дека вам тоа чудно ви звучи“.

После шест години во богословие, отец Пјотр излегува во реалниот свет и почнува да работи. „Сé си оди со свој тек. За волја на вистината, богословието нé припрема за свештенство исто колку што факултетот ги припрема докторите или учителите за нивната професија. Образованието не овозможува веднаш да ги сфатите сите прашања и сите проблеми на кои може да се наиде“.

Во книгата на Џејџеј има и неколку бивши свештеници кои говорат за хомосексуалните искуства во богословието, а се спомнуваат и хетеросексуални „авантури“ на свештеници кои не можеле да одолеат на искушенијата на околниот свет. Сепак, отец Пјотр тврди дека љубовта и сексот не се главни причини заради кои луѓето се откажуваат од свештенството. Според него, тоа се поедини случаи и не треба да се генерализираат. „Не е свештеникот како пуштен од ланец. Не постои еден идеален начин за свештеното лице да се подготви за реалниот свет“. Проблемот, според него, е што премногу ретко се зборува за тоа колку се жртвуваат свештениците кои остануваат на своите положби – „тоа се прави маченици. Можеби токму за тоа треба повеќе да се зборува во богословието. Би требало да можеме за тоа да зборуваме, за тоа што ги чека, па и за причините заради кои некои се откажуваат“.

119179.b-600x600[1]

Свештениците кои истапуваат од црковните редови често се екскомуницирани, како веќе да не постојат во очите на црквата. Според отец Пјотр, тоа не е правило и не постои таков канонски закон за такви ситуации. Сé се заснова на тоа што и бискупите се обични луѓе, и тие грешат – некои ќе пробаат да поразговараат со свештеникот и да му помогнат да го реши проблемот со кој се соочува, други веднаш ќе го казнат во моментот штом ќе изрази сомневање, со аргумент дека нема тука што да се зборува.

А кога свештениците ќе се вратат дома, повторно сé зависи од човек до човек, но и од околината. „Луѓето кои имаат разбирање знаат дека сите сме грешни. Луѓето кои имаат поплиткоумни сфаќања, кои мислат дека свештеникот мора да биде светец, не прифаќаат кога некој ќе ја напушти црквата. Можеби дури и уживаат во туѓиот неуспех“, заклучува авторот на книгата.

- Реклама -