ЗА ФУДБАЛОТ ВИ ВАШ, НАЖАЛЕН

82895-haosot-na-chair-prodolzhi-po-mechot-napadnati-grncharov-i-pachovskiРеприза по не знам кој пат. Во Чаир играат боксирачите, публика влегува на терен а фудбалерите во оачен обид да се спасат затоа што од редари и чувари ни трага ни глас. У меѓувреме Бугарите ни го плескаат гзот на пријателски меч и со нов експерт у тимот у ликот на славниот Мрме. Бугарија која у задниве години има цунами у фудбалот, се прошета во Скопје ко да е Шпанија или Холандија. Пандев ван форма и понатаму е класа-две над останативе ни стандардни репрезентативци, а оние 3-4000 гледачи кои ја проследија последнава лакрдија ќе си свиркаат уште долго време по завршуење.
Се надевам ќе се свестат и ќе им го покажат средниот прст на фудбалскиве водачи и наместо репрезентативен фудбал, ќе тркнат до зоолошка да ја видат фоката. Атракција број 1 е у градов. Децата ќе се насмеат, наместо у грч да ги прашуваат своите татковци, у какава боја на дресови играт нашите.

Го тргнавме Хари но овие испаднаа бетер Хари, пута 100!Колку сме биле неправедни кон човекот. Македонија на Хари, со Катанец на чело, беше у топ 50, а оваа на Илчо дотера и аут од првите 120! Занзибар и Бангладеш не напреднаа до толку у фудбалов а у барем 50 земји кои се пред нас на таа ранг-листа, беснее граѓанска војна и фудбал се игра на мински полиња. Ете и тие не претркаа. Оние кои имаат лавови и гепарди покрај аут линиите. Ние неаме лавови и гепарди покрај аут линиите, но иаме фраери со боксирачи и метални шипки. Лавот и гепардот не јадат фудбалери, али оние фацки у Чаир, кршат глави и носеви на зелениот терен. Кого овде да стаиме у зоолошка? Оние покрај аут-линиите или оние од ложите кои глумат дека се некакви фудбалски работници у државава?

Спортот пред се, е нивното дебилно мото! Спортот може да биде пред се, кога на тие фотељи ќе седнат спортски работници. Познати фудбалски фаци кои не се резилат по светов да останат ем со пружена рака, ем со прстот во уста. Фацките кои некад биле познати во фудбалот ги знаат насекаде. Оние кои некогаш пунеле шишиња покрај атлетска стаза и им носеле вода на навивачите на трибина, не. Тие нема никад да го воочат својот офсајд. Ќе си останат со раката пружена за увек а у меѓувреме, ќе си го мерат у ранкинг, со држави ко Сиера Леоне и Бангладеш. Нивната стручна и човечка дефицитарност, ќе се рефлектира со машни по главите и тампони во скршените носеви на фудбалерите. Во нивниот фудбал има катинар за трибините! Забрани и глоби за навивачите. Хулиганите кои редовно праат проблем, нема никад да ги воочат. Ќе ги бараат како и секогаш на некое друго место. . Законот и редот ќе ги глумиме на Градски у парк! Таму редовно, полицијата ќе биде побројна од гледачите .

И како по обичај фудбалерите ќе јадат линчој во Чаир. ФФМ ќе се праи мутава и ќе мавта со некои правилници. Ќе мава драконски глоби за банални работи по клубовите и навивачите. Ќе трошат пари на семинари каде ќе се промовира фер-плеј. Забрана за навивачи има во Велес, во Ѓорче, на Градски. За во Чаир, ценетиот естаблишмент е болен од аутизам. Се додека некој не ја изгуби и главата и наместо боскирач, во редовните гужви, не заигра некој лептир или скакавец. Фер плеј у Чаир значи, секогаш кога противникот ќе победи на зелениот терен, да смееш да му викнеш со шипки и боксирачи! И никому ништо. Тоа на своја кожа го осетија и младинците и сениорите на Вардар.
Лесно е да се прекине натпревар заради скандирање против федерацијата! Лесно е да се изрече казна на клубови кои решиле да финансираат у овој траги-комичен наш фудбал. Лесно е да се изрече и забрана за гостински навивачи. Во Чаир нема гостински навивачи а се игра фудбал ко на дивиот запад.  Не можете ред да воведете на 3-4000 гледачи на една трибина а ќе организирате финале на Супер куп во Европа? Искрено се надевам дека и тоа ќе ви го одземат. Батките кои не ја прифатија вашата пружена рака, знаат добро со кого си имаат работа. Тоа финале вам ќе ви биде манифестација за сликање и за прикажување на некаков си успех. А не е за сликање и не е за шминкање на руината наша фудбалска. За плачење е господа!

Единствени кои излегоа како фудбалски фактор во оваа македонска фудбалска рушевина се младите фудбалери до 21 година. И доколку не успеат во целта, покажаа дека не заостануваат воопшто од своите врсници во Франција, Украина, Шкотска и Ирска. Рамо до рамо се со нив. Зошто потоа доаѓа до стагнација на нивниот развој, треба да одговори некој друг. Поднебјето е тоа. Србите, Хрватите, Словенците, Босанците, Албанците, Грците, Бугарите и ред натаму, имаат веќе големи натреварувања позади нас. Но кај нив фудбалските фаци се бафтаат со фудбалот а не локалните анонимуси кои живеат за една лажна фотка. Фотка со главниот и лицемерно пружена рака.

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -