ЉУБОМОРНИОТ И ПОСЕСИВНАТА КАКО ПИЈАНИОТ И БУДАЛАТА

СПОДЕЛЕТЕ

ljubomora2Лажно е доловена слика за љубовта у песните на Адил,Милица и останата боранија. По цели деној паројте да се заедно, да се гњават од сабајле до вечер и да забораат дека има и други нешта на планетава. Испраќање у 5 сабајле, и пак состанок у 9 сабајле. Последното и првото мочање е под опсервација на саканите и тоа преминува у зараза која навлага длабоко испод кожа. Денојте си стануваат реприза еден на друг, муабетите стануваат успорени, и полека почнува да пука капислата од двата карактери, кои со тек на време стануваат намќорести. А убај деца беа пред да се фатат заедно. Често во песните иде онаа извртена фраза: умирам од љубов. Ма дај ебете се. Од љубов не се умира. Живејте ја истата и не ми паламудете многу. У врската може да ти е убаво или неубаво. Љубовта не е болна и таа не смее да боли. Ко ќе стане таква, бегајте со време.

Посебно ми се интересни оние случаи кои после неколку годишна врска, не можат очите да си ги видат еден со друг. Он постојано и го проверува мобилниот а таа не го пушта ниту на мочање да отиде сам. Утакмица со другарите или некоја пијанка, малку потешко. Он ја труе со љубоморни испади, а она се лепи за него као стеница. Ми нема логика. Нелогично му е на тикварот, како она има толку многу другари од средно а она не може да сконта па како може да трпи љубоморно говедо покрај себе. Логика нема кога болеста ќе нападне. А ова е болест ,,заљубени” ни едни!!!

Кога вакви две несреќи ќе заглават еден покрај друг и по неколку години од две прекрасни суштества, стануваат две млади суштества кои во душите се како да имаат по 100 години. Повеќе од нив се смеат луѓе паднати у кома. Расправиите се репризираат, се раскинува по 4-5 пати и по 4-5 пати доаѓа она смирување со патетични лигавици и слатки зборови. Раскинувањето може да е несериозно или за секогаш. И тоа раскинување за секогаш трае привремено. Додека зависното тело по болка, не ја побара повторно болката блиску до себе. Каква љубов е ова да го ебам? Бљак!!!

Патолошката љубомора е состојба која треба да се третира на невропсихијатрија. 120 пропуштени повици во една минута е симптом на таква состојба или на болна посесивност. Посесивноста е најбрутален начин на кршење на индивидуата и прилагодување на една човечка индивидуа кон своите потреби. Се започнува со : Кој ти овој? За кој кур ти се поздравуваш со него? Што имаш ти со неа? Зошто не ми крена ти вртам пола саат? Љубомората е тежок опијат, потежок и од најтешкиот тип на невротични растројства. Опијат од кој се заболуваат двајцата во врската и опијат кој љубовта ја претвара во тешко срање и и дава лоша димензија. Рефрените кои идат у етер и кои ја воспеваат секоја љубов као болна и извитоперена. Љубов е кога гулабот ќе го пуштиш да одлета и кога тој пак ќе се врати на твоето рамо. Не кога ќе ја заклучиш у подрум и кога од неа ќе направиш восочна кукла со убиени чувства. Бегајте…Бегајте со време додека оваа болест не ве убие и не ви ги нафрли тажните пориви на лицето. Бегајте, додека сеуште има траги од насмевка на вашето лице. Премногу е кратко нашето присуство на земјата за да го потрошиме на психопати и лудачи! Деца, дали се разбравме? Препознавате вакви фацки у ваша близина? Бегајтееееее……:)

НАПИША: БУЛЕВАРКО

 

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ