ПРВОАПРИЛСКИ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

СПОДЕЛЕТЕ

ok2

Во рамките на проектот „Спорт и спортски активности“, а по иницијатива на ЈУОДГ „Орце Николов“, се организараат спортски денови во кои учествуваат и основните училишта „Лазо Трповски“, „Вера Циривири Трена“ и „Петар Поп Арсов“,.

Децата од пет и шест години подучени од наставниците по физичко образование имаат можност да научат повеќе за спортскиот и здравиот живот. Целта на овие денови е подготовка на предучилишните деца за полесно приспособување во прво одделение, како и подигање на свеста за здравиот начин на развој од најмали нозе.

ok1Во спортските активности им се приклучија и учениците од прво одделение од  трите основни училишта, кои  заедно со нив вежбаа и се дружеа. Оваа соработка ќе продолжи и за Денот на шегата, кога децата од основните училишта ќе бидат гости во трите градинки, клонови на „Орце Николов“. Тие воедно ќе бидат дел и од првоаприлското дефиле на маски  кое во сите три градинки ќе почне во 10 часот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ