Throttle/Brake – епизода 4: Најдобрите концепт автомобили – прв дел

СПОДЕЛЕТЕ

На сите ни е јасно дека автомобилските компании, одвреме-навреме сакаат да експериментираат, да воведат новини, да пробаат некоја нова технологија, со што би направиле подобар автомобил. Тие новини, дали е дизајн, мотор или нешто друго, понекогаш се толку драстични што мора да се направи еден цел нов автомобил. Овие експериментални автомобили се наречени, прототип или концепт автомобили. Низ историјата ги има многу, од тотални промашувања, до извонредни автомобили за кои се прашуваме зошто никогаш не почнале сериски да се произведуваат. Причини има многу, премногу скапи за сериско производство, премногу расипливи, недоволно конкурентни, крајно не економични, или едноставно сплет на околности. Во продолжение ќе ви претставам неколку извонредни автомобили, кои мислам дека заслужиле да возат на вистинските улици. Уживајте.

Mercedes C111
е низа од експериментални автомобили кои се произведени помеѓу шеесетите и седумдесетите години. Со овој автомобил се правеле експерименти со ванкел мотори, дизел мотори, турбо напојувачи, луксузни елементи, како кожни седишта со клима и клима во целиот автомобил. Користено е и самото тело на автомобилот со доста екстерни промени, за аеродинамика, мултилинк суспензија,но и за издржливост или endurance test.

Image-1

Првиот автомобил склопен е 1969 година, направен од стаклена волна, со ванкел мотор со три ротори и директно вбризгување. Една година подоцна е направен истиот автомобил, но со ванкел мотор со четири ротори. Автомобилот имал 369 коњски сили и брзина од 290 км/ч.
Мерцедес во ванкел моторите тогаш не гледа иднина, и се вртат кон дизел. Направен е C111 со 240D 3.0 мотор со 190 коњски сили. Со специјален аеродинамичен кит автомобилот на овалната писта во  Нардо 1978 година, достигнува неверојатни 322 км/ч со просечна потрошувачка од 16 литри на 100 километри при брзина од 316 км/ч.

Image-2

Image-3

Во 1979 година истиот автомобил, но со 4,8 литарски, V8, твин турбо мотор со 500 коњски сили постигнува верувале или не, 403 км/ч. Замислете 79 година, двојно помалку моќ од Veyron а иста максимална брзина.

Mercedes C112
Наследникот на C111. Автомобил со мотор поставен во средина или mid engine, кој ќе биде платформа на иновации, кои денес се составен дел на речиси сите автомобили. Овој автомобил е база, од која подоцна е направен Sauber C11, тркачки автомобил кој ќе се натпреварува во World sport prototype championship.

Image-4 C112 е направен како и претходникот со крилести врати или gullwing doors. Автомобилот носел 6.0 литарски V12 мотор со 408 коњски сили и влечна сила од 580 Nm. Но најзначајните достигнувања на овој автомобил се системите, кои потоа се вградуваат како сериска опрема во моделите на Mercedes. Active body control, ABS, ASR и активна аеродинамика односно спојлер кој подоцна ќе го видиме кај SLR моделот.

Image-5

Lamborghini Marzal
Како што многумина велат овој автомобил е инспирација за Lamborghini Edpada. Дизајниран е 1967 година од Марчело Гандини од Bertone, за да ја пополни колекцијата на Феручио Ламборџини. Направен е со крилести врати или gullwing doors. Моторот бил 2 литарски, во V6 во линија со 175 коњски сили, фактички преполовен 4 литарски V12 агрегат. Автомобилот бил возен во јавност само еднаш, за време на Големата награда на Монако од страна на Принцезата Грејс и нејзиниот сопруг истата година кога е дизајниран. Придаден е на аукција 2001 година за сума од околу 2 милиони долари.

Image-6 Image-7

Ferrari 512s Berlinetta Speciale
Во 1969 година Ferrari, го претставува 512s како проект прототип, кој дизајниран од Пининфарина, имал за цел да ги замени тогашните застарени дизајни на Ferrari. Токму овој автомобил, со неговите линии е инспирација за денешните 458 и 488. Се појавува на саемот во Торино, Италија. Направен на шасија од делумно уништен 312P Spyder, тркачки автомобил, имал 3.0 литарски V12 мотор. Да се напомене дека овој автомобил не е истиот автомобил, со тркачките автомобили кои 70 и 71 година се појавуваат под референцата 512s Berlinetta Speciale. Овој автомобил е многу важен за Ferrari затоа што е првиот дизајниран од топ дизајнер и првиот од новата ера автомобили. Директни наследници на дизајнот на 512s се (365 GT4 BB, 512 BB, 512i BB, и BB LM) од 1973 до 1984 година, а потоа Ferrari Testarossa 512 TR и f512 M.

Image-8 Image-9 Alfa Romeo Carabo
Овој автомобил се појавува 1968 година на Парискиот саем за автомобили. Дизајниран од Марчело Гандини кој работел за Bertone. Овој прототип инаку се сметал за најдобар дизајн во истата година, и како директен претходник на Lamborghini Countach, е голем извор на идеи за многу идни спортски автомобили.

Image-10

Шасијата е базирана на Alfa Romeo 33 Stradale, кој е со средишно поставен V8. Специјалниот мотор Carabo произведувач 233 коњски сили при 8800 вртежи, и се сметало дека може да постигне брзина од 255 км/ч. Реплика од овој автомобил направена на платформа од De Tomaso Pantera е направена од Сем Фјус, татко на Чип Фјус, откако не успеал да ја купи вистинската од Bertone.

Image-11 Image-12

Vauxhall SRV
Овој автомобил се појавува на Лондонскиот саем на автомобили во 1970 година. Дизајниран е од Вејн Шери, како супер спортски автомобил со четири врати, и претпоставувате од каде Mazda RX-8 ја добива инспирацијата. Моторот е 2.3 литарски средишно поставен со четири цилиндри. Интересна изјава за овој автомобил има дадено дизајнерот Вејн Шери во 1992 година, кој рекол: само поставете го овој автомобил на поголеми тркала и ќе биде најубавиот во светот. Донекаде и се сложувам со неговата изјава, ако зборуваме за деведесеттите.

Image-13 Image-14

Mazda RX500
Овој автомобил е за првпат прикажан на јавноста на саемот за автомобили во Токио 1970 година. Автомобилот е спортски, со позади поставен мотор, и заден погон кој е направен како експериментално возило кое ќе донесе иновации во сообраќајот, како на пример кога забрзува стоп светлата ја менуваат бојата, исто така и кога запира или пак вози.
Масата на автомобилот е 850 килограми, и е придвижуван од A10 Wankel мотор со 982 кубни сантиметри и силина од 247 коњски сили што е извонредна бројка за седумдесетите. Интересен детал на овој автомобил е хаубата, која има крилести врати или gullwing doors. Овој автомобил е впрочем, идејата и визијата за денешните RX 8, RX 7, и зошто да не и RX9 во иднина. Автомобилот е реставриран за трката Goodwood festival of speed во 2014 година.

Image-15 Image-16 Image-17

4 Rotor Chevrolet Corvette
Овој експериментален автомобил е направен во 1973 година. Неговата намена била да ја започне ерата на Wankel моторите, во кои General Motors влевале големи средства и надеж, но подоцна кога цената на нафтата е манипулирана од страна на OPEC, овој проект е откажан целосно, и истиот автомобил добива V8 мотор, и ново име Aerovette. На жалост и овој автомобил, односно проект е целосно откажан. Штета, според мене, овој убав заменик на Stingray, требало да заживее во било која варијанта.

Image-18 Image-19 Image-20

Maserati Boomerang
Уште еден уникатен автомобил дизајниран од Џорџето Џуџаро. Како функционален автомобил за првпат се појавува во 1972 година за време на саемот во Женева. Дизајнот на Boomerang долги години ќе биде инспирација за многу автомобили, чии линии може да се видат на VW Golf 1, VW Passat, Lancia Delta, Maserati Quattroporte III, Lotus Esprit и De Lorean DMC 12. Boomerang е опремен со 4.7 V8 мотор со 310 коњски сили, и пет степен мануелен менувач кој ја пренесува силата на задните тркала. Овој автомобил има уникатен ентериер, односно уникатен волан кој ротира  околу командната табла. Автомобилот имал успешна хомологација и е регистриран како цивилно возило, но немало производство, односно имало само еден примерок. Boomerang се појавува на многу автомобилски собири и рели собири, но исто така и во реклама на Louis Vuitton, на Венецијанското биенале.

Image-21 Image-22

3060619044_ed033961bd_b[1]

Lamborghini Bravo
Концепт автомобил дизајниран од Марчело Гандини од Bertone за Lamborghini. Првпат е прикажан во јавност 1974 година на саемот за автомобили во Торино. Автомобилот е дизајниран со цел да се добие инспирација за наследникот на Urraco. Bravo бил придвижуван од 3 литарски, V8 со 300 коњски сили, пренесени на задните тркала. Автомобилот бил тестиран 274 илјади километри и потоа ставен во музејот на Bertone. Никогаш не е ставен во производство, но може да се забележат доста негови линии кај моделот Countach. Продаден е на аукција во 2011 година за 588 илјади фунти.

Image-24

Image-26 Image-25

Aston Martin Bulldog
Во 1979 година овој автомобил е тестиран и достигнал брзина од 305 км/ч. Прикажан е во јавноста 1980 година и е вид продолжена варијанта на Lagonda. Со масивни gullwing врати, и мотор поставен на средина, автомобилот бил направен за богат клиент од Средниот Исток, кој подоцна се премислил. 5.3 литарски, V8, турбо мотор кој испорачувал од 600 до 700 коњски сили и максимална брзина од, според Aston Martin, 381 км/ч. Било планирано лимитирано производство од 25 автомобили, но на голема жалост, овој хипер автомобил од 80 години, никогаш не бил сериски произведен.   Image-27 Image-28

Следната недела продолжуваме со вториот дел посветен на најдобрите концепти некогаш направени.

braceeee1[1]

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ