НА ТИ ПОПЕ РАКА

СПОДЕЛЕТЕ

crkva-svestenik-makro-podvodenje-prostitucija-1452984095-825483-724x400Духовноста е корисна работа за секој човек. Но тоа не значи дека и оние кои ја проповедаат истата, некогаш се корисни за верниците и општеството. Пропагаторите на новите верски вредности ја извадија од срж мисијата на Христа и Мухамед. Едните се саморазнесуваат со динамит и убиваат луѓе изговарајќи го големиот Бог(Алах) а другите ни шиткаат духовност ко таа да е некоја роба на тезга. Ја никад не би се саморазнел за 40 девици. Тоа би го напраил можда за 40 калаштури и поприлично искусни девојки. Премногу ми се бавни оние невините а и неверувам дека такви постојат. Кој верува, нека се разнесува и натаму. У жена верба да немаш- не учеше големиот Ѓорги Колозов у нашите ни народни приказни. А оние другите? Па за нив се водат денес војните,не за девиците бре клапчовци. Хелена Розга и Северина не се невини одамна али ја би тртнал ТНТ у себе само да им ја помирисам кварната невиност. За друго да не праиме муабет. Не сум Поп, ми се прашта нели?

Но ај да си ги кажеме ние нашите маки рисјански. Откако верата почнаа да ни ја шиткаат као предмет на бувљи пазар со ценовници и тарифи, почнавме да си подголтнуваме и така со свиткана опашка да одиме на шалтерот, да платиме такса и да не дозволиме тоа да ни го помати умот, чунки дете треба да се крсти, во свето венчание да се врземе. Ќе се лажеме себе си дека не е во ред таков голем настан да ни го поебе некој трговец у попска мантија. А Исус ги прогонувал трговците од духовните светилишта. Не продавај духовно за да стекнеш материјално, не учи нашиот завет. Исто е и во Коранот. Таму вели: Проклет да е секој оној, кој ќе напише стих за Мухамед и од тој стих ќе се збогати. Ако бараме НЗС, нема разлика по ова прашање. Нема разлика и кај дел од попојте и оџите. И они подеднакво љубат скупи саати, Ролекси, накит и млади пичиња у када пуна со млеко.

Последната лакрдија околу изградбата на Црква во населбата Илинден ги надминува сите етички и морални граници. Во оваа приказна обврзани се сите семејства да одделат по 100 евра годишно за доизградба на храмот а во спротивно немало да можат да примаат услуги од црквата. Не знам колку е ова вистинито, мене ми е далеку од секој памет, но ако се увиди каква штеточина од луѓе стануваме од ден на ден, не ме чуди и овој новитет да се прифати како нормален и никому ништо. Дајте батиња брцнете од џебот да не се умириса лешот на гробишта. Попчето не пее за без пари а земјата не прима мртовци ако таксата не ја надмириш у нивното погребално Акционерското друштво.А каде одат парите на верниците што ги оставаат по црквите? Да не ги дадовте за помош на некое болно дете? Или за нови гуми на скупите аута? Хоштаплери сте до крај! Од вас верата плаче, народот кука. Не ме чуди еден ден тоа црквите над глаа да ни се струполат. Јазк!

За себе како Христијанин можам да кажам дека сум го помогнал лекувањето на секое болно детенце кое ми излегло на видикот, што по објава на оглас, што по дојава од луѓе. И не сум ги делел дечињата, дали се Христијани, Муслимани. Колку ми фаќал џебот, толку сум дарувал. Така и кога влагам во црква. Онаму кај што нема тарифи и ценовници. Од нив ми се блуе и ми се повраќа. Како јас да барам исповед и прошка од духовници кои ми ја наплаќаат љубовта кон Бога? Религијата во урбаниот свет умира. Обвиткана е со неморал и скуп возен парк. Сеуште ќе се најде у некое старо манастирче обвиткано во шумите на некоја планина. Таму се проповеда вистинската религија. Онака како што е запишана во старата книга. Од таму нека почне да се лечи болната. А додека да се излечи,стајте им катанци на црквите по градојте. Народот ќе го расипете и ќе го натерате од вас да побегне…

НАПИША. БУЛЕВАРКО

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ