Throttle/Brake – епизода 3, 10-те најбрзи автомобили на денешницата

СПОДЕЛЕТЕ

Секогаш кога зборуваме на тема автомобили и нивните перформанси, генерално, без разлика дали станува збор за лаици или ентузијасти, акцентот, секогаш се става на брзината, односно на максималната брзина. Овие технолошки ѕверови на четири тркала, се најдобриот показател на човековата зависност од брзина, адреналин и технологија. Тогаш, ајде да зборуваме за многу брзи автомобили и да дознаеме што ги прави толку големи и неодоливи.

Секако тоа е брзината, адреналинот и нивната чудна ѕверска убавина. Многу авто ентузијасти и зависници од адреналин, ги ризикуваат своите животи, за да ги достигнат ѕвездите, т.е што поголема брзина. Некои од нив, на голема жалост, ги дадоа и своите животи, обидувајќи се да ги достигнат тие брзински суперлативи. На пример, легендарниот Аиртон Сена, кој е една од најзначајните фигури во автомобилизмот, или актерот Пол Вокер, од франшизата “Fast and Furious” чија љубов кон автомобилите беше толку голема што имаше цел авионски хангар, полн со спортски и брзи автомобили. 

” Тркањето, натпреварувањето, е во мојата крв. Тоа е дел од мене, тоа е дел од мојот живот.” – Аиртон Сена.

” Ако еден ден брзината ме убие, не плачете, зошто јас се смеев.” – Пол Вокер.

Ако се прашувавте кој сериски или легален автомобил е најбрз во светот, вие сте на правото место да дознаете. Но, само еден мал вовед. Како што полека навлеговме во 2016 година, имаме два сериозни претенденти за тронот, но бидејќи сè уште немаат официјални мерења за нивната максимална брзина, сега за сега ќе останат само теорија. Тоа се Koenigsegg One 1, кој е најбрзиот автомобил во светот до 300 и за кој од фабриката тврдат дека оди преку 435 км/ч и SSC Tuatara.

10. Gumpert Apollo S -359 км/ч

Овој супер автомобил од Германско производство, неверојатната максимална брзина му ја должи на 4.2 литарскиот Audi мотор со осум цилиндри (Audi V8), засилен со дупло турбо и огромен интеркулер. Автомобилот располага со 780 коњски сили, маса од само 1100 килограми и перфектна аеродинамика. Менувачот е шест степен, секвенцијален кој силата ја пренесува на задните тркала. Основната цена на овој хипер автомобил е 600 илјади долари.

kola1

9. Noble M600 -362 км/ч

Супер Британец, кој има подобар сила/тон сооднос од Buggatti Veyron. Моторот е Volvo/Yamaha, 4.4 литарски, средишно поставен со осум цилиндри и дупло турбо. Менувачот е 6 степен мануелен Graziano, кој 660-те  коњски сили ги пренесува на задните тркала. Цената му е 450 илјади долари. И да, овој автомобил нема ABS. 

kola2

8. Zenvo ST1 – 375 км/ч

За оние кои никогаш не слушнале за овој автомобил, и не е некој голем минус. Супер автомобил кој доаѓа од Данска, од релативно нова компанија, развива 375 км/ч и има неверојатна цена од 1,8 милиони долари. Но, не баш сите  карти му се наклонети на Zenvo. Прво, при тестирањето на патеката на Top Gear, автомобилот се запали, а потоа Stig постави послабо време од BMW M5. Сигурно од Zenvo се многу лути на Top Gear. Но, и не е се така црно. Да не заборавиме, овој автомобил е осмото место на нашата листа. 6.8 литарски мотор со турбо и суперчарџер, V8, кој генерира 1104 коњски сили и 1430 Nm влечна сила. Автомобилот е направен рачно, и во лимитирана серија од 15 примероци.

kola3 kola4

7. Mclaren F1 -386 км/ч

За овој автомобил подетално пишував  во еден мој претходен текст, и сега нема да должам…

Автомобилско совршенство на векот, брилијантно инженерско достигнување. Мојот најомилен автомобил. 

kola5

6. Koenigsegg CCX 394 км/ч

Трета генерација Koenigsegg автомобили. Со овој автомобил Koenigsegg сакаат да се пробијат на Американскиот пазар. Своевремено, CCX беше и најбрзиот автомобил на патеката на Top Gear, секако управуван од Стиг, одземајќи го тронот од Ascari A10. Моторот е 4.7 литарски, V8, со двоен суперчарџер, сила од 806 коњски сили, и влечна сила од 920 Nm. Практично од овој супер автомобил започнува ерата на супер брзи Koenigsegg автомобили.

kola6

5. Saleen S7 Twin Turbo -399 км/ч

Saleen S7 Twin Turbo е надградена, засилена верзија на S7. Автомобилот со мотор Ford 427, 7 литарски, V8, е засилен со два турбо компресори, Garrett, со вкупна компресија од 5,5 psi, кој произведува сила од 750 коњски сили. Менувачот е 6 степен мануелен. Предните и задните дифузери и задниот спојлер се исто така модифицирани да допринесат за 60% подобар downforce. Цената на автомобилот во Америка е 585 илјади долари. 

kola7

4. SSC Ultimate Aero TT -412 км/ч

SSC North America или поранешно Shelby SuperCars. Ова е најбрзиот автомобил во светот од 2007 до појавувањето на Bugatti Beyron Super Sport во 2010 година (412.22 км/ч). Моторот е од Corvette C5R, V8, 6345 кубни сантиметри, засилен со два турбо компресори. Силата која ја произведува е 1138 коњски сили и 1483 Nm влечна сила. Масата на овој автомобил е 1247 килограми. Првиот SSC Ultimate Aero TT е продаден на eBay  за 431,109 долари. Од фабриката тврдат дека подобрениот модел од овој автомобил во воздушен тунел оди до брзина од над 430 км/ч, но тие податоци се до ден денешен неофицијални.

kola8

3. Koenigsegg Agera R -418 км/ч

По CCX, од Ангелхом ни доаѓа уште еден брилијантен хипер автомобил. Базиран на моделот Agera S, со одредени подобрувања со цел да се добијат подобри перформанси, во само 18 примероци (2011-2014), е изработен Agera R. Своевремено овој автомобил бил Гинисов рекордер, за забрзување до 300 км/ч и запирање (0-300-0), (21,19 секунди), кој подоцна во 2015 е соборен од Koenigsegg One 1. Моторот е 5.0 литарски, турбо, V8 со четири вентили по цилиндар. Произведува сила од 1140 коњски сили и 1200 Nm. Автомобилот е изработен од фул карбон фибер и легура од алуминиум, што резултира со маса од само 1330 килограми. Менувачот е 7 степен автоматски со двојно квачило. Како што напоменав погоре во текстот, моделот Agera RS, и One 1 исто така се претенденти за тронот, но податоците се сè уште неофицијални.

kola9

2. Bugatti Veyron Super Sport -431 км/ч

Bugatti Veyron 16.4, првиот сериски автомобил што ја надмина границата од 1000 коњски сили и 400 километри на час. Најбрзиот сериски автомобил на светот до 2007 година, а во 2010 Super Sport одново се искачи на тронот со неверојатни 431 км/ч. Скоро сите знаеме за Bugatti Veyron, но дали знаете дека идејата за овој автомобил доаѓа од Audi Rosemeyer и Bentley Hunaudieres. Да, и Audi и Bentley, кои се под капата на Volkswagen, имаат направено концепт автомобили, кои го имале истиот 16 цилиндричен мотор, но со природна аспирација. Доколку ги погледнете овие автомобили, многу лесно ќе го пронајдете Veyron во нив. За таа сличност може да прочитате во мојот текст “Најдобри концепт автомобили втор дел”. Да се вратиме на Veyron. Super Sport е базиран на стандардниот Veyron, со истиот мотор 8.0 литри со 16 цилиндри, но четирите турбо компресори се заменети со нови, посилни. Оваа надградба, на Super Sport му дава сила од неверојатни 1200 коњски сили. Автомобилот има погон на сите четири тркала и 7 степен автоматски DSG менувач. За напомена, сите модификации кај Super Sport моделот, се со цел да моторот на автомобилот има подобро ладење. Цената му е 1,7 милиони долари. Последниот Veyron со ознаката “LaFinale” е произведен во Март 2015 година. 

kola10

Едно е јасно, овој автомобил постави нови граници во автомобилската индустрија, создаде атмосфера за нови брзински суперлативи. 500 км/ч…

Видеото го прикажува брзинскиот рекорд на Bugatti Veyron Super Sport.

1. Hennessy Venom GT -435 км/ч

Најбрзиот автомобил на светот. 435 километри на час. Симнувам капа. Полека се раситнува границата од 500 км/ч!!! 

Џон Хенеси, неколку години пред овој официјален брзински рекорд, тврдеше дека неговиот монсрум е побрз од Bugatti Veyron. Како и да е, сега сме сите уверени дека ја зборувал вистината. 

Овој автомобил кој доаѓа од Hennessy Performance, Тексас, е всушност базиран на Lotus Exige. 

kola11

Моторот е средишно поставен, 7.0 литарски со два турбо компресори и сила од 1217 коњски сили. Менувачот е Ricardo, 6 степен мануелен. Погонот е на задните тркала. Масата му е 1244 килограми. Обратете внимание на соодносот сила/маса. Апсолутен ѕвер. За разлика од технолошки дотераниот Veyron, Hennessy Venom GT е само хардкор набилдан Lotus Exige. 

За крај, додека го пишував текстов, низ главата ми проструи една мисла. Какви ли само бројки ќе донесе новата генерација супер – хипер спортски автомобили. Дали ќе се надмине границата од 500 км/ч? До каде се самите луѓе спремни да одат? 

Koenigsegg Regera, SSC Tuatara, визијата на Gran Turismo за Bugatti, наследникот на Veyron, Chiron, нов автомобил на Џон Хенеси? Одговорот е тука некаде. Останува да почекаме. 

Ваш, Брацо Моралиќ, Throttle.Brake

braceeee

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ