Throttle/Brake – епизода 2 Head to Head!

Mclaren F1 v Mclaren P1.
Две букви и дваесет години разлика.

Овој текст го посветувам на автомобилот на векот, на автомобилот, возен и скршен од страна на Мистер Бин, на најбрзиот атмосферски N/A автомобил во светот…

Приказната започнува во 1992 година, во местото Вокинг, Англија. Главниот инженер Гордон Муреј го убедува Рон Дениз да го отпочнат проектот, и му даваат задача на Питер Стивенс да го дизајнира супер автомобилот одвнатре и однадвор. Во тоа време F1 тимот на Mclaren, користи Honda мотори. Идејата била да се направи автомобил кој ќе има карактеристики  како Honda NSX, кој во тоа време на патеките бил подобар од Ferrari и Porsche, но да биде далеку помоќен. Автомобилот има неколку карактеристики кои останатите спортски автомобили ги немаат во тоа време. Ниска маса што го прави управувањето и забрзувањето без конкуренција, огромна моќ, делта распоред во кокпитот, односно возачкото седиште е во средина и е поизразено кон напред, додека патничките две седишта се по страна, што овозможува извонредна прегледност и перцепција.

87263

Целокупниот сетап на автомобилот е тркачки ориентиран, но во исто време автомобилот е доволно комфорен да се вози во град или појде на пат. Моторот своевремено, е технолошко ремек дело, особено кога ќе ја видите златната фолија , која служи како топлински штит. Интересно е дека во 1992 година, Mclaren во F1, сакале да вградат керамички сопирачки… Добро читате керамички кочници, но проблемот настанал кога автомобилот требал да сопира при мали брзини, а подоцна работењето на нив е прекинато, поради тогашните хомологациски правила. Се работело само на едно: да се направи уникатно и без конкуренција супер спортско возило. Производството е завршено во 1998 година со произведени 106 автомобили. Направен е и ви GTR изведба, со која победува на 24 Hours of Le Mans и на многу други трки. За овој автомобил се зборува дека е најдобрата машина некогаш направена, најголемо авто достигнување, и е прогласен за најдобар светски автомобил во конкуренција од 100 автомобили. Не е ни чудно кога на овој автомобил имаат работено Рон Денис со Аиртон Сена како дел од Mclaren F1 тимот. Исто така соработката со Honda е од големо значење.

97432

Да позборуваме за срцето на автомобилот. Гордон Мареј инсистирал моторот да биде N/A или природно аспириран за истиот да има подобар response, подобра контрола на моторот, поголема издржливост и да се избегне оној момент кога на турбото му треба некое време за да испорача додатна сила. Во игра биле неколку варијанти на мотори меѓу кои, Honda V10 мотор со блок ист како болидот на Сена, Isuzu мотор 3,5 литарски V12, но на крајот изборот паднал на BMW S70/2 на Пол Рош, експерт за мотори. 6,1 литарскиот V10, испорачувал 627 коњски сили при 7400 вртежи во минута, и влечна сила од 561 Nm при 5600 вртежи. Вртежите се лимитирани на 7500. Вреди да се напомене дека Mclaren F1 во завршната фаза и со тој мотор бил 14 % помоќен од концептот на Гордон Мареј што е реткост (обично концепт автомобилите имаат поголема моќност од сериските). Автомобилот добил сооднос 550 коњски сили на еден тон, што за 1992 година е како вертикалното слетување на Space X rocket е за нас. F1 е првиот сериски автомобил со монокок шасија од карбон фибер, и други компоненти направени од титаниум и магнезиум, поради што масата на автомобилот изнесува 1140 килограми. Сопирачките се на  Brembo, вентилирачки дискови 332 милиметри напред и 305 милиметри назад. Сопирачките немаат ABS и додатни системи. Менувачот е 6 степен мануелен. Суспензијата е на Стив Рандл експерт за динамика и е уникатна. Распоредот на масата е 42% напред, и 58% назад. Забрзувањето е од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, до 200 за 9,4 до 300 за 23 секунди и максимална брзина од 372 км/ч со лимитиран број на вртежи и 388/390 км/ч без лимит, што го прави најбрз светски автомобил до појавата на Buggatti Veyron. Неговото време на патеката Нурбургринг е 7 минути и 11 секунди од страна на Мика Хакинен.

93642

Следбеникот P1, не може да се пофали со толку познати имиња кои работеле на него, но повеќе од јасно е дека конкуренцијата е како никогаш досега. P1 како и F1, има нешто револуционерно во себе. Електро мотор на батерии кои произведува додатна сила, преземен директно од F1 болидите. DRS системот (спуштање на суспензијата и подигање на задниот спојлер), е брз сетап и трансформација на автомобилот од спортски во тркачки. Моторот е 3,8 литарски твин турбо, V8 кој произведува 737 коњски сили при 7500 вртежи и 719 Nm влечна сила. Во комбинација со електро моторот кој произведува 179 коњски сили, автомобилот располага со неверојатни 904 коњски сили и 978 Nm влечна сила. Огромна разлика во моќноста споредено со F1. Менувалот е исто така најсовремена технологија, 7 степен автоматски со дупло квачило. Забрзувањето, е подобро од претходникот, од нула до 100 км/ч за 2,8 секунди, до 200 км/ч за 6,8, до 300 км/ч за 16,5 но максималната брзина од незнам кои причини му е ограничена на 350 км/ч. Масата му е 1395 килограми, но возните својства се врвни, исто како и кај претходникот.

81179

P1 поради сета технологија која ја има, е возило со многу подобри перформанси од претходникот, но првиот момент кога ќе го исклучите DRS- от, возилото го губи тој застрашувачки момент на одговор кога ќе притиснете на педалот за гас, станува како маче во споредба со аналогниот F1, кај кој, тој одговор на моторот, го има перманентно во секој момент. Тоа се однесува и на управливоста. За максималната брзина, нема дискусија, бидејќи ако автомобил од 1992 година, со таа технологија на мотор, суспензија, сопирачки и без дифузери и DRS- ови, може да достигне 390 км/ч, незнам зошто најсовремениот хипер автомобил би бил лимитиран на 350 км/ч. Mclaren F1 v Mclaren P1… Легендата F1, автомобилот што ги промени параметрите во авто индустријата, останува легенда засекогаш, и тврдам дека не би заостанувал многу зад технолошкото чудо P1, напротив би биле рамо до рамо. На извонредниот P1, му останува да се избори за место помеѓу легендите во супер тешка трка, со неверојатната конкуренција која ја има.

braceeee

Ваш,
Брацо Моралиќ.

Throttle/Brake

- Реклама -