НИЕ, НАРОДОТ

СПОДЕЛЕТЕ

fileНовиот серијал на хипноза е повторно на сцена. Секогаш кога иде период за устоличување на гзот на политичка фунцкија, НАРОДОТ е главна улога во нивните филмови. Обично сме у аут, али си иаме ние свои 5 минути коа не тинтраат по главчињата и ни прават разно разни трикчиња, мислиш златни рипки се сториле тоа политичарите. Тоа е како коа идеш у банка да вадиш кредит. Прво те седнуваат на столче карши нив, на еднаква висина со нивната официјална фацка, потпишуваш 300 формулари кои не може да ги размотри цела адвокатска комора на Македонија, влагаш у нивна папка и ти велат: ПОВЕЛЕТЕ СЕГА НА ШАЛТЕРОТ. E тогаш сфаќаш дека си у колоната за чекање ред. Таму остануваш се додека не им го вратиш и последниот грош, со камата!!!

Исто е и со политичарите. Дупката која и по цела година стои ископана на твојата улица и ти ги ебава аморитизерите и јабучиците, ќе биде пополнета пред да почнат нивните карвани. Кога веќе ќе треба да мењаш нови делови на колата. Кога нивната дупка за која тие не даваат пари, ќе кошта тродупло. Ние народот сме им во устата, како три оброка на ден, сосе сите десерти, грицки, пијачки, аперативи и цигари. Ние народот сме она што треба да го начукаат во нивните конзерви и да не развозаваат како стадо, за 155 пати да ги слушнеме истите говори. Штом дојдат избори во Македонија, започнува општата преселба на народите. Ја заклучуваш куќата и дома се враќаш за 2 месеци. Живееш у автобус а јадеш на митинзи. Од време на време климаш со глаата за да ги убедиш оние кои водат списоци за редовност, дека си у нивна фрекфенција. Најтешко им е на оние кои идат само ради потпис а им се повраќа што се таму. Тоа е она раскинување со самиот себе. Да се биде човек или доброволен имбецил? Сонував еден сон дека луѓето кои ги ставаат на списоци ги фаќаат батките шо запишуваат и водат евиденција, ги кршат од маање и тоа списоците им ги бутаат у гс. После ова, кафезите од плоштадите се отвараат и народот слободен си иде дома. Можно ли е ова? Зошто да не. Еден катинар е во прашање.

И секогаш кога нема доволно леб да се нарани сиротињата од народ, има доволно железа, бронза, топол национализам сервиран у порцелански сад, со украсна фолија. Навидум тоа ни изгледа као најбољи специјалитет. Но штом го голтнеме во себе, има бљуткав вкус, ни се заматува умот и почнуваме да мразиме се што е околу нас. Срцето ни станува стегнато како во чвор, стомакот ни се превртува дека некој се везден не подјебава . Мрачните сили ги бараме и под креветите… Тогаш небитните фаци у нашите животи за миг пак стануваат битни. Ни ги продаваат оние приказни кои никад не смееме да ги заборавиме. Оние приказни без кои ќе ги научиме што мустри се. Тие немаат достоинство затоа и не се срамат да го газат достоинството на народот. Правите окупатори, многу тешко ќе ги препознаеме. Вешти се и лукави….

Ние народот, колку и да сме материјално сиромашни, не смееме да бидеме сиромашни и бедни во душите. Ние народот мораме на оние ,,елити”, кои ги водат нашите животи од понеделник до петок, а богами и за саботи, недели и празници, у форма на партиски собири и ,,спонтани” собири, да им кажеме да одјебат од нашите животи. Барем оној кој ја разбрал поентата на слободата. Слободата не е да бидеш роб на мобилниот телефон и излишно да ги извршуваш наредбите преку смс пораки на партискиот лик. Слобода не е на тој лик да му служиш 24/7. Па кои пари и да се на светот во прашање. Кој бенефит и да е. Само тогаш, ние страдните луѓе ќе можеме да се наречеме народ, а не обично гласачко стампеди, нумер и статистика у нивните тефтери. А колку сме блиску или далеку од народ, да ги уклучиме сијаличките во нашите глави и самите да си процениме. Народ е она што нив ќе ги стави во ред а не обратно…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ