Газачот

СПОДЕЛЕТЕ

gazashot

Сајмон Бек е ексцентричен британски уметник. Тој создаде нов стил на уметност, креирајќи џиновски геометриски дизајни во снегот, користејќи ги само сопствените стапала.

Има дипломирано на престижниот универзитет во Оксфорд, но ја напуштил работата за да стане картограф. Исто така е и страсен вљубеник во природата и сака да шета надвор, а меѓу другото е и експерт по ориентирање (со мапа и компас).

Уште од мал имал посебна фасцинација кон геометриските форми. Цртањето со одење по снег му започнало како хоби, но брзо прераснало во опсесија. Покрај тоа што е совршен начин да ја претопи пасијата кон геометрискиот дизајн во нешто опипливо, тоа му е и супер начин за многу вежбање – една слика подразбира околу 40 километри пешачење.

По првиот цртеж во 2004 година, Бек прави по 30-тина такви секоја зима, претежно некаде на Алпите. Методот му е прилично едноставен, со мапа, компас и малку пресметки, но тоа што е картограф и добар ориентер, дефинитивно му се од помош.

Неговите дела се апсолутно прекрасни, особено од естетска гледна точка.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ