СЕЛФИ СО ОРЛЕТО

СПОДЕЛЕТЕ

mkd-243835Дворските игри може да продолжат. Тогаш кога на народецов ќе му закркорат цревцата од глад и коа ќе си ја почеша левата дланка у надеж дека ќе скркори некоја парича, доаѓаат газдите кои јаваат на Липицанери. Ќе фрлат малку бронза као да е злато, ќе извадат од ракавот нова идеја за сув национализам и багрите у миг паѓаат у транс. Проверена работа.

Циганчињата шо просат по улица, дуваат лепак за да не осеќаат глад. Возрасната раја, задоена на национализам, не дува лепак. Паѓа под хипноза на бронзени статуи и на дати од минатото. Датите кога сељаците од планина се изборија за својот статус, да облечат одела и да бидат доживотни парламентарци. Кожурците овчи ги заменија со сакоа Черути. Другото е се исто. Заглавени се таму у ровојте околу Танушевци и Малина мала…

Ултра комуњарите и ултра патриотите од македонскиот кампус, може да го дркаат и да сањаат дека шмекерот градоначалник од Центар ќе ја урне терасата на патриотите и дека патриотската фела ќе се собере и ќе го урне орлето кај Топанско. Ќе ги урнат, жими ашим. У оваа земја никој ништо не урива, освен соживотот и темелите на државата. Популистичките говори палат кај токмаци без развиен мозок и за жал, таквите го креираат животов на нормалните луѓе у земјава. Оние кои единствена борба им е да го истуркаат месецот и да им донесат на своите деца, парче лебче во трпезата. Чесно заработено. Додека некој фрла магла и го толчи и онака столчениот народ.

Одбраната на домобраните попушти. Кога требаше да се брани партијата, играа класично катанаџо. Обиколки низ државата, собири по спортски сали и драматични говори. Сега кога демек, треба да се одбрани Македонија, одбраната им е швајцарско сирење. Ги бушат од сите страни! Те со орлиња, те со дати на Призренски лиги, те со блокади и уцени. Партијада да не им ја чепне само некој. Сега со орлево ќе си поќутат ко путиња. Минута молк за терминот ПАТРИОТ, кој е одамна мртов и нема никаква смисла у македонската збирка на зборови.Ако мене ме прашате, во оваа пригода на дворски игри и замајувања, не треба никој никого да брани, освен да остане смирен, ладнокрвен и да им го покаже средниот прст. Филмот им прочитан одамна. Не е прв пат нели?

Она што за крај сакам да го спомнам у ова мое кратко обраќање, е пораката до оние мултиетнички фраери, на кого фенси им станаа двојазичните протести и мавтањето со многу знамиња по улициве низ Скопје. Додека вие билдате некој мулти-култиризам, некој си го билда националното до коска, слави дати на вооружени востанија и го жигосува вашиот јад, на постамент у сред град! Слободно пикнете си ги у гс тие фотки на заедништво. Или одете сликнете се до орлето, ваш избор. На простор каде што секој е најголем националист и си го крева својот етникум до врв на небо, вие мултикултуралците сте осудени на исчезнување. Као јагниња у волчја дупка. Логично во оваа пригода би било, да опнете едно селфи до новиот споменик, и едногласно да кажете: PEACE….Ја ќе ве надополнам со едно REST IN PEACE…..Не мора љубовта и тој заеднички филм да се глумат. Подобро е да бидеме реални и да си ги прифатиме разликите кои се преочигледни. На сила љубов не бидува, драги мои мулти-културалци….

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ