Скопски скејтери го рекомпонираат она што остана од Скопје

skejteri

Стави скејтер на улица и автоматски го претвораш во архитект на моментот, создател на алтернативна реалност. Погледот му се пали и гаси на естетиката, помалку на етиката.

Неконтролираното градење и симултаната деструкција на урбаниот простор, го афектира скејтерот на начин што го бутка во уште една потрага по новото, во уште една мисија на ревитализација на постоечките урбани локации. Неговата улога, како архитект, е да им даде секундарна функција и да креира нови микро-космоси, невидливи за непрефинетото око на обичниот човек. Тој создава органска конекција помеѓу градот и телото, помеѓу архитектурата и личноста.

Повелете на носталгично патување во секојдневието на тројца скопски скејтери, и нивните обиди да ги рекомпонираат остатоците од градот во нешто блиско на она што Скопје требаше да биде.

- Реклама -