Гитарата што ја скршија во „The Hateful Eight“? Една таква била во светов

СПОДЕЛЕТЕ

daisy

Квентин Тарантино има репутација на автентичност во неговите филмски сетови, па не сé што гледате на екранот е сценски реквизит. Во неговиот последен филм, „Омразената осумка“ (The Hateful Eight), Курт Расел намерно-ама ненамерно, уништува бесценета гитара-антиквитет, мислејќи дека е реквизит. Најлошиот дел од ситуацијата е што гитарата е позајмена од музеј.

Од музејот пак, не беа лути за парите или за тоа што гитарата не била осигурена – тие жалат што се работи за шестжичен „Martin“, кој потекнува од 1870-та година. Тие го опишаа како „бесценета“ и ветија дека веќе никогаш нема да изнајмат антиквитет за снимањето на некој филм.

Инаку, во сцената, Џон Бесачот (Курт Расел), лут од заканувачкиот текст на песната, ја грабнува гитарата од рацете на Дејзи Домергу (Џенифер Џејсон Ли) додека таа свири и ја разбива од дрвениот столб. Интересното е што тимот изработил 6 реплики токму за таа намена, за Курт Расел да ги скрши. Снимањето било предвидено да запре во моментот кога Расел ќе го грабне оригиналот од рацете на Џенифер, па да продолжи откако гитарата ќе биде сменета со реплика. Во некаков чуден тек на настаните, сите вклучени во сцената го знаат тоа, освен самиот Курт Расел. Сите се толку вџашени, што кадарот не престанува да тече, а и добро што е така, затоа што реакцијата на Џенифер Џејсон Ли е искрена, а не глума, и совршено се вклопува во сцената.

- Реклама -