Луда магацинска трка со дронови, на 4К резолуција

СПОДЕЛЕТЕ

Трките со дронови се прилично нова работа, а ова видео е едно од најдобрите (од аспект на HD квалитет) и највозбудливите снимени на таа тема. Кој и да е зад управувачот, тоа го прави совршено, сé до последниот момент, кога ќе се судри со дронот на конкурентот.

Арно ама, во светот на дроновите, судирите и падовите, па и оштетувањата, се вообичаени. Секој дронџија ова би го нарекол „невозможно“ и „перфектно“ летање, со оглед на тоа колку е тешко да се управува дрон и колку многу треба да се вежба (со скапи поправки помеѓу секоја лекција). Дури и тркачите што имаат поставено рекордни времиња по круг на оваа или онаа стаза, признаваат дека немаат заврешно трка без барем еднаш да го урнат дронот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ