ИЗВРШИТЕЛИ, БАНКИ И ОСТАНАТИ РАЗБОЈНИЦИ

331936-rabotnici-angazhiraat-izvrshiteli-za-da-gi-vratat-na-rabotaЧесто пати коа идам по тоа шалтерите да исправам криви дрини, се прашувам каква боречка вештина знае тетката од позади стаклото. Они увек се дерат и имаат некој гард ко да ќе те затепаат у секој момент,иако од мука идеш кај нив да денгубиш.
Тикварите не ажурираат наплати, вадат сметки за телевизија за сите членови од семејството, праќаат опомени а ни сами не знаат за што се тие опомени. Тогаш ко ќе им скурчи да се објаснуваат со досадните граѓани, на помош си ги викаат другарчињата-извршители. Класика грабеж. Еден те врзува а друг те пљачка!

Право злосторничко здружение се тоа барабите од позади шалтерот, извршителите и банките. Се е така подредено, они да ти ја ебаваат мамицата а никој да не е надлежен каде да се обратиш! Да нема кого да опцуеш.
Каде да иде човек да се пожали? Се е така намонтирано, од старт да се откажеш да помислиш по судови правда да бараш. Колку повеќе врати  ќе отвориш, толку повеќе ќе те боли гзот. Ете тоа е нивниот ебан едношалтерски систем. Плаче за еден карате удар и сосе излози и попуписмени апаши, да отидат у пизду матер. Оние од шалтер ти вадат некои налози од УЈП, тие од УЈП се правдаат дека нив ги задолжиле шалтерушите, извршителите се правдаат дека работат по налог а кутрите банки, само ти ја наплаќале услугата за одблокирање на неправедно блокираната сметка. Купи им бонбоњера и почасти ги. Ќе ти ја одблокираат сметката и таа пак ќе биде во фунција за некое време да биде блокирана. Штом стигне приливот на пари.

Кај оние три дугмиња под шалтерот, што се за оценување со ЗАДОВОЛУВА, ДЕЛУМНО И НЕЗАДОВОЛЕН, фали едно дугме за маање бокс. Ко ќе почнат да ти се курчат нималку виновен, да им летне еден директ од тоа развиканите и невротични фаци. Па знаете ли бре вие дека стари луѓе денгубат по цели денови заради вашата неспособност? Луѓето си залепија шеќер и маснотии со вашите залепени налози за присилна наплата. Затоа што од тој едношалтерски систем, има само еден отворен шалтер, на кои малтретирате недодлжни луѓе. Кутри пензионери. Мора последните години од животот да ги поминат у исправање криви дрини кој некој не успеал да ги исправи веќе 30 години. Косово вчера стана држава. Таму се вади извод од некоја машинка која прима ситни пари. Нешто као кафемат. А ние? Ние збориме за реформи. Сме чуле за нив.

И пред да го завршам ова мое обраќање, сакам да се обратам до господата од МРТВ. Пошто радиодифузната такса е задолжителна, а некои луѓе дома немаат ни телевизори…Дали ќе бидете така фини, да им купите на луѓето телевизори за да можат да го гледаат она за што плаќаат? Да да господа. Има многу луѓе кои не можат да си дозволат телевизор,а и ко ќе се сумира, што се оди у етер, тоа и не е некој потребен луксуз. Веќе е сеедно дали тој ќе работи у некоја штала со крави или кај некој излажани, обесправени и ограбени луѓе. Ефектот од тоа, поглед со милион прашалници и извотопрена раелност. Медиумите јавуваат за некој рај на земјата, за некои реформи за доброто на граѓаните, а самите луѓе тоа не можат да го сконтаат. Чудна работа.

Ја дома иам телевизор и на вести слушам дека сме имале Народен правобранител. А која е улогата на оваа институција у државата? Слушам веке 10 години си го тера мандатот и затоа јавно прашувам, кои кривини ги опраи Народниот правобранител во последнава деценија-две? Поднесена ли е некоја пријава за злоупотреба кон моќниците кои ни го љуштат паричникот и кога треба и кога не треба? У шумите на Нотингем у Англија, некад живеел еден фраер познат као Робин Худ. Он крадел од државата за да врати на сиромашниот народ кој бил дерен од царските извршители и даночници. Е таков лик сакам да ми биде Народен правобранител. А додека ние го добиеме нашиот Робин Худ, нашата судбина останува во рацете на оние наведените у насловот…Јеби га….

 

НАПИША: БУЛЕВАРКО(изнесен со асистенција на Полиција од просториите на УЈП и добитник на прекршочна пријава за навреда на службено лице!!!)

- Реклама -