Дубаи и ОАЕ си назначија министерка за среќа

СПОДЕЛЕТЕ

Ca3IPlaWEAAqz9O[1]

Ухуд Ал Руми (досегашната директорка на канцеларијата на Министерскиот совет) е првата министерка за среќа во историјата. Таа ќе стои на чело на Министерството за среќа на Обединетите Арапски Емирати, кое ќе има за цел да ги консолидира сите планови на државата, нејзините програми и политики, и со тоа да ја осигура среќата на своите граѓани.

„Среќата не е само желба која си ја упатуваме во нашата земја. Кај нас за постигнување на среќата ќе има планови, проекти, програми и индикатори. Сето ова ќе биде дел од работата на сите наши министерства“, рече шеикот Рашид бин Мохамед Ал Мактум – владетелот на Дубаи и премиерот на ОАЕ.

Според него, формирањето на новото министерство е дел од големата реорганизација на владеачките структури во ОАЕ, чија примарна цел ќе биде создавање на социјални добра и задоволства.

ОАЕ добија и уште две министерства: за млади и за толеранција. За министер за толерантност е именува Лубна ал Касим, поранешен министер за меѓународна соработка и развој. Државна министерка за млади ќе биде 22-годишната Семаја ал Мазруи, штотуку дипломирана на западен универзитет. Вкупно осум нови министри влегуваат во владата, од кои пет се жени.

ОАЕ беа рангирани на 20-тото место во Извештајот за светска среќа за 2015-та. Извештајот дополнително ги издвои Емиратите, заради нивната изразена посветеност на среќата на жителството.

- Реклама -