Дрогба над Дрогбашите!

drogba1

На 11 Февруари 2003, Дидие Дрогба го постигна првиот гол за неговата репрезентација која славеше над Камерун со 3-0. Во моментов тој е најдобар стрелец на Брегот на слоновата коска со 65 постигнати голови на 104 настапи.

Имено Дрогба прв пат го облече дресот на „Слоновите“ претходниот септември (2002) на квалификациониот натпревар за Афричкиот Куп против Јужна Африка.

Пред 3000 публика на Гастон-Пети, стадионот на Камерун, Слоновите поведоа со 0-1, со голот на Чиресуа, во 37`. Осум минути подоцна, нешто пред паузата, Дрогба го постигна својот првенец за неговата репрезентација, па покрај тоа што Слоновите поведоа со 0-2, на повидок беше и најдобриот стрелец. Во 63 минута беше заменет, а Бонавентур Калу ги запечати Камерунците во 83-тата минута.

Дрогба беше прогласуван за  најдобар африкански фудбалер во 2006-тата и 2009-тата.

Ги тресеше мрежите на противниците и на квалификациите и на пријателските и светските првенства и во Лигата на шампионите, англиското, турското и француското првенство.

drogba2

Остана запаметен по неверојатните настапи за сините лондонци каде со еден потег решаваше сериозни натпревари. Со Челзи освои 4 титули во Премиер лигата, исто толку ФА купови една Лига Европа и една Лига на шампиони. Со Галата ја освои турската лига во 2013-та и купот, истата година.

Сите 164 гола за Челзи

- Реклама -