МАЛИТЕ РАБОТИ НИ ФАЛАТ

HandshakeПомина фамозното интервју на Сител каде двајца политички опонент се теслачеа до коска. Едниот е политичар а другиов се кажува дека е новинар. Жими Тасе! Народов се стаи пред тоа телевизорите, и падна у хипноза. За среќа траеше кратко. Овој пат малку време требаше да се излезе од овој грозен филм и да се фрлиме на сеир. Се надевам публиката нема да ја продолжи мизеријата која заврши поради обврска кон останатите програмски доверители!

Ја ќе се обидам да нашкрапам нешто за детоксикација на оваа ноќ, исполнета со примитивизам и чудни гримаси. Да ги баталиме нив.Да ги поебеме нивните ебани вести! На нас луѓето ни фалат многу фини и мали нешта да ни ја разиграат душата. Знаеме да живееме и со 100 и со 500 евра, пошто така живееме еве веќе 30 години. Без насмевките на лицата сме ништо! Како би било добро да удриме едно прочистување на нашиот разум и од себе да ја искорениме сета нервоза, сета омраза кон опонентот, кој ни е брат по џеб и дели слична судбина со нас.

За да се врати душата во нас, не ни требаат пари. Ни треба светлина во умот и подадена рака. Ни треба мала рекапитулација и да се потсетиме, како сме живееле некогаш а како сега?
Човекот ги сака прошетките и мангупаријата по калдрмата. Човекот бара некој нов тамбураш налик на Тефо кој со магија во гласот им ја подаруваше ноќта на пијаните! Човекот си ги сака  дискотеките у кои Чаир и Центар закажуваа ферки заради некоја девојка и за гаражните свирки додека се поправаа раскрнтани Југовци и Стојадини. Човекот плаче за својот Дебар-маалски џган и другарувањата до ситните саати. Ни фалат МЗТ Скопје и Работнички и тактот на двете страни од градот кои живеат за својата Сино-бела или Црвено-бела опција. Скопје плаче за својата Јужна трибина на Градски каде старата гарда Комити ги поздравуваше своите миленици. Останавме без многу работи а не ги ни бараме. Зошто немаме желба да си ги вратиме нештата кои не радуваа?

Грев е што политичарите крадат но смртен грев е што ни го забранија алкохолот после 7! Вратете ни ја забавата и отворете ги кафулињата до зори. Парите ни фалат но од друго сме болни. Ни фали животот затоа што од животарање ни е преку кур.Ни фали искрена здравица и искрен муабет во кој како луѓе ќе се погледнеме во очи и ќе си проговориме за нашите проблеми. Тогаш кога ќе излеземе од црно-белата рамка, ќе го исфрлиме сивилото од нашите души и слепилото од нашите очи. Затоа што замре се! Јас нема да им дозволам да ми го бетонираат мозокот.

Тие се главна улога 24 часа на ден а не го заслужиле тоа. Како им е на нашите пријатели и на нашите комшии? Сме се запрашале ли како животараат? Кога ќе го исклучиме каналот кој не депримира и не прави несреќни и замислени. Текстов го завршувам со една сцена.
Зиам една лопата со црвена свечена машничка и го удирам екранот на телевизорот неколку пати. Мачката од страв бега у соба а ја оклештен пуштам музика до даска. Некои убави ноти да не може ниту една мисла да пробие во мојата окупирана свест. Ќе ја оставам заклучена на неодредено време. Се додека тотално не проветри и не ме научи да се смеам. Јас повеќе немам време да го губам на омраза и непотребни битки. Вас секако ќе ве оддува ветрот а ако има некој расположен за пиво, ќе му прифатам у секое време. Ајде да се провозиме низ градов и да ги погледнеме луѓето поинаку. Нема мириса на гуртна и на целосна промена. Потребна ни е за да за заживееме и да ги одјебеме негативците. Е дури тогаш ќе ги елиминираме сеачите на магла..

НАПИША: БУЛЕВАРКО(ПОБОРНИК ЗА СЛОБОДА, ЗАСЕКОГАШ!)

- Реклама -