Што бара Јода во црковни записи од 14 век?

yoda1-656x365[1]

Џулијан Харисон е кустос во британската библиотека, а работа му е да се грижи за списите и книгите кои настанале во Средниот век. За да ги заинтересира луѓето за содржината на она што се крие во „неговата“ архива, најпрво во 2010 година отвори блог, каде што почна да објавува интересни страници, илустрации и записи од книгите на кои има налетано. Потоа се прошири и по друштевените мрежи, а денес веќе има солидна публика.

Сеедно, едно од откритијата што привлекоа најмногу интерес е еден цртеж од 14-тиот век. Илустрацијата прикажува средновековен свештеник кој екстремно многу потсетува на Јода од „Војна на ѕвездите“.

Библиска приказна

„Цртежот на Јода“ потекнува од списите наречени „Смитфилдски декрети“. Би било супер-забавно тоа да е навистина Јода, во форма на средновековен временски патник, но всушност се работи за комбинација од илустрација на добропознатата библиска приказна за Самсон – и еден „мошне креативен автор со разиграна фантазија“, како што наведува Џулијан. Списите, кои потекнуваат од Франција, настанале некаде помеѓу 1300 и 1340 година, што се гледа од запишаните црковни одредби на самите записи.

- Реклама -