Bentley работи и на спортски SUV

СПОДЕЛЕТЕ

219_Bentley-470-1[1]

Од Bentley очигледно гледаат прилично сериозен потенцијал во суперлуксузните SUV модели. По целосно новата Bentayga, од компанијата коментираат дека работат на развој на уште еден предлог, на кој акцент е ставен на спортското однесување на патот и купеовски дизајн.

840_Bentley-470-2[1]

Коментирајќи ги идните SUV пазарни предлози на Maserati, Rolls-Royce и Lamborghini, Волфганг Дорхајмер, извршниот директор на Bentley, вели дека очекува тие да се појават на пазарот за 2-3 години, а тој посакува кога тоа ќе се случи, тој да има соодветен одговор. Иако сеуште програмата за новиот спортски SUV треба да биде официјално одобрена, како основа за развој на идниот модел, Дорхајмер го посочува концептниот EXP 10 Speed 6, кој дебитираше за време на минатогодишниот салон во Женева.

860_Bentley-470-4[1]

Со цена од речиси 230.000 американски долари и очекувано годишно производство од 5.000 единици, Bentayga од своја страна, најверојатно ќе стане бестселер на брендот оваа година.

788_Bentley-470-3[1]

Во соработка со Автоплус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ