Портал сендвич

portal2

Portal e без дилема една од најиновативните и најдобрите видео-игри во историјата. А импресивна е не само по надворешноста, туку и „зад кулисите“.

Благодарение на програма што им овозможува на Portal 2 играчите да креираат сопствени нивоа, јујтјуберот Crowbcat направи мал експеримент: Што ќе се случи ако двата портала се судрат во тебе во исто време?

Во реалноста, одговорот би бил дека твоето тело веројатно ќе се распрска како последица на згмечувањето од сопственото месо. Во експериментот на Crowbcat, пак, одговорот е „бескрајни психоделични визуелизации, џиновски спирали, бесконечни ѕидови и гигантски соби со портали“. Колку тоа магично изгледа – доказ се повеќето од милион прегледи што видеото ги собра за само 3 дена.

- Реклама -