Mazda MX-5 добива 4х4

СПОДЕЛЕТЕ

Компанијата Mazda подготвува новитети кои ќе влијаат на еден од најпознатите и еден од идните модели на марката. Ова го откри шефот на одделот за развој на мотори и трансмисии на јапонскиот производител, Тецуи Муратани.

972_Mazda-1000-1[1]Според него МХ-5 која стана легендата, благодарение пред се на задниот пренос, може да биде опремена со систем за погон на сите четири тркала. Самиот Муратани е голем фан на спортските модели на Mazda, а ја поседува првата генерација на MX-5, како и онаа на RX-7.

„Во моментов се нудат Mazda2, Mazda3 и Mazda6 со систем 4х4. Сосема можно е таа да се појави и кај MX-5, но треба да бидат земени неколку фактори, меѓу кој најважен е возилото да придонесе за поголемо задоволство при управувањето“, коментира Муратани.

Според него новата трансмисија, која ќе работи во комбинација со систем за погон на четири тркала кај родстерот, може да биде целосно подготвена за 5 години. Значи модификација на MX-5 со 4х4 најверојатно ќе се појави дури во почетокот на следната деценија. Другата новина е поставување на турбокомпресор на ротор моторот на идното купе RX-9. Тој ќе биде изграден по мотивите на концептниот модел RX-Vision, претставен пред една година.

„Според мое мислење ротор моторот има недостаток на моќ на влечење на ниски вртежи што еден мал турбокомпресор може да го компензира. Благодарение на него ќе биде зголемен максималниот вртежен момент“, објасни Муратани.

Очекувањата се идниот RX-9 да стане наследник на семејството RX-7. Не е исклучено моделот да добие хибридна модификација со вкупна моќност од околу 450 КЅ.

Во соработка со Автоплус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ