ВиФи-то на Обама е срање

СПОДЕЛЕТЕ

shitty wi-fi

Доста се жалиш од ВиФи-то. Та не си саде ти.

Во интервју за Си-Би-Ес (CBS), Барак и Мишел Обама зборуваа нешто околу „Супер Боулот“, и за кого навивале, и дека тимот им испаднал и бла бла бла… Она што го привлече вниманието на светската јавност (под светска јавност подразбираме Интернет зависници на Твитер и Фејсбук на возраст до 30 години) беа коментарите на најмоќниот претседател и првата дама кои се однесуваа на безжичниот интернет во Белата куќа.

CapDH6VW0AAmzlT[1]Репортерката постави неколку прашања околу животот во дипломатското срце на Вашингтон: „Добар ли е притисокот на водата? Има ли Wi-Fi? Работи ли тоалетот во спалната на Линколн?“ Ова второво како да ги погоди прашаните во слабата точка.

„Знаеш, околу целава оваа работа со технологијава… Се трудиме да ја средиме работата за следните што ќе дојдат да живеат таму“, почна колебливо Барак. „Ова е стара зграда, па има многу мртви точки каде што ВиФи сигналот не работи… Всушност, проблем е“.

„Девојките често знаат и да се исфрустрираат“, се уфрла Мишел.

…А ти па мислеше твојот живот не бил среден. Ех.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ