Јас сум Малала

СПОДЕЛЕТЕ

Симбол на жртвувањето во име на образованието. 

5-themuslimvibe_com_1454766821

Малала Јусафсај е родена на 12 јули 1997 година во Мингора, Пакистан. Нејзиното родно место било окупирано од талибанско движење кое прави обиди за ограничување на правото на жените да се едуцираат. Тоа ја провоцира малата Малала да побара начини да ја промени ситуацијата.

Девојчето испраќа многу материјали до ББС, настојувајќи да му ја претстави на светот ситуацијата во својата татковина, преку очите на едно дете. Тоа што едно девојче го подига својот глас против талибанците, го изнудува бесот на многу луѓе и ја исправа Малала пред вистинска трагедија. На 9 октомври 2012 година, кога има само петнаесет години, младата девојка е застрелана во главата, патувајќи со училишниот автобус.

3-cinemaemovimentoblog_wordpress_com_1454766820 2-femworldview_com_1454766820

„Пред една година тргнав од дома кон училиштето и повеќе не се вратив. Ме погоди талибански куршум. Бев во несвест кога од Пакистан бев подигната со авион. Некои луѓе тврдат дека никогаш нема да се вратам дома, но јас верувам со целото свое срце дека тоа ќе се случи “- цитат од биографската книга” Јас сум Малала “.

7-www_ctvnews_ca_1454766825

Чудесно Малала оживува по обидот за убиство. Нападот против неа предизвикува широк одек како во Пакистан, така и во целиот свет. Таа станува симбол на каузата дека секоја девојка има право на образование. Докажува дека е посилна од стравот кој нејзините противници се обидуваа да и го наметнат.

8-woodformarch_com_1454766827

Денес Малала е најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир и наградата од Европскиот парламент за слобода на мислата “Сахаров”. Таа успеа да оствари средба со бројни светски личности на раководни позиции кај кои наиде на поддршка.

6-en_wikipedia_org_1454766824 9-www_ibtimes_co_uk_1454766828

Нејзината приказна е објавена во нејзината биографска книга, а месецов National Geographic Channel ќе емитува филм за неа. Малала продолжува да се бори во името на својата кауза, поинспирирана и поамбициозна од кога и да било.

Таа е свесна дека го запиша своето име засекогаш во светската историја.

4-abc7news_com_1454766821

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ