Дежурниот бељаџија Фаустино Асприља

Tino-5[1]
Ѕвезда си е ѕвезда.

Незадржлив на теренот, ама и ексцентричен и незапирлив во животот.

Додека играше за Парма, претепа возач на автобус по инцидент крај патот. За време на тренинг во Универсидад де Чиле, пукаше во воздух со пиштол. Додај тука и куп љубовни афери, малку порно и танчерки – и ќе го добиеш Фаустино Асприља.

Си го батали семејството заради порно-ѕвезда.
Си го батали семејството заради порно-ѕвезда.

Десет години по завршувањето на кариерата, Асприља продолжува да живее како што смета дека е најдобро. Во 2009-та, Колумбиецот беше уапсен и осуден на две години условно поради пукање на својот ранч.

„Луѓе, па јас едноставно сакам оружје“, рече пред новинарите кога го прашаа зошто толку пати е вмешан во инциденти со пиштоли.

Пијани глупости колку сакаш.
Пијани глупости колку сакаш.

Неодамна повторно мораше да влезе во судницата, поради неплаќање на алиментација на бившата сопруга. Денес учествува во риалити шоуа, се слика за списанија и редовно предизвикува скандали, што со постапките, што со зборовите.

WA358223[1]

Ај што е мета на критики (еднаш се појави во наслов од типот „Асприља има фантастичен дриблинг, но не е добар граѓанин и затоа не може да биде идол на нацијата“), ама е мета и на криминалното подземје во татковинската Колумбија. Пред извесно време мораше да избега од родниот град поради напад од локална банда. Гангстерите го ограбија неговиот дом до последна пара и го предупредија дека ќе треба да плаќа месечна претплата за да остане жив.

article-0-000E371600000258-374_468x308[1]

Тино се потприбра дури кога се решија проблемите со бандата, а се зафати со одгледување на расни коњи. Дури и тогаш, се појави во медиумите заради наградата од 1000 долари што ја нудеше на среќниот пронаоѓач на неговиот коњ, кој избегал од рачнот откако го одврзал еден од пијаните пријатели на фудбалерот.

На крај си го врати коњот, вреден 44.000 фунти.
На крајот сепак си го врати коњот, вреден 44.000 фунти.

Најновиот бизнис му е производство на кондоми со овошна арома. Се трошат како алва. А поранешната ѕвезда и понатаму одбива да порасне.

Бизнис што најмногу му прилега.
Бизнис што најмногу му прилега.
Со Марадона.
Со Марадона.
И со Роналдо.
И со Роналдо.
И со Валдерама!
И со Валдерама!
Вечен љубимец на фановите на Њукасл.
Вечен љубимец на фановите на Њукасл.
Пред една година, кога стана дедо.
Пред една година, кога стана дедо.
Му се може.
Му се може.
И коцка му се може.
И коцка му се може.
И женски му се можат.
И женски му се можат.

- Реклама -