Home УмниБус Патувања На скијање помеѓу рајот и пеколот

На скијање помеѓу рајот и пеколот

0
На скијање помеѓу рајот и пеколот

000_7B2KX[1]

Планината Хермон граничи два света. Едниот е Сирија и бесот на војната. Другиот е зимска идила во која израелските туристи „слаломираат“ удолу по ски-патеките и пијат греано вино со техно музика во позадина.

На ведар ден, од врвот на ски-лифтот (на 2.200 метри надморска височина) може да се види Дамаск. Сирискиот главен град е одалечен само 40 километри, но пристапот е затворен, со оглед на тоа што Израел и Сирија се и официјално сé уште во војна; Израел ја окупираше Голанската висорамнина во шестдневната војна од 1967-ма година, откако сириските сили ги бомбардираа израелските градови од „другата страна“. За Израелците, планискиот венец Хермон – сместен помеѓу Либан и сириските и израелските сектори на Голан – останува значаен стратешки регион и е под постојан надзор.

Сé е супер, освен…

Зимската идила на Хермон не е како оние во останатиот дел на светот. И таму се провлекува духот на Блискиот Исток –  планината е полна со распоредени израелски воени едници кои се грижат за безбедноста на Голанскиот сектор под израелска контрола, а воедно и за онаа на туристите. Стравот од инфилтрација не е којзнае колку голем: „Ако Сиријците сакаат да се инфилтрираат овде, ќе мораат да бидат многу добри скијачи. А ако сакаат да го направат тоа во лето, ќе мораат да бидат шампиони во мотокрос“,  се шегува Абу Салех – шеф на патролната ски-станица, покажувајќи кон стрмните падини што формираат природна „ограда“ помеѓу нив и Сиријците. Многу поголем е стравот од залутани ракети испукани од сириската војска или од бунтовниците.

„Веќе моравме да ја евакуираме областа во неколку наврати. Многу добро сме организирани“, вели директорот на ски-центарот – Лирон Милс. „Не ја чувствуваме војната овде. Заштитени сме. Тука се армијата и полицијата и ние сме во комплетна координација со нив“, објаснува Милс, кој исто така е и инструктор по скијање за резервистите на израелската армија.

hermon-planina-pekol-i-raj-tocka-2016-01[1]

Мински полиња

Ако сте на пат да залутате надвор од скијачките писти, ќе ве пречекаат огромни знаци со предупредување за минските полиња што ја опкружуваат патеката.

А военото присуство е очигледно. Од ски-лифтот се гледаат кулите од кои израелските воени сили го набљудуваат теренот со двогледи. И покрај маскирните бели униформи, лесно е да се идентификуваат војниците на ски-терените, со пушките кои штрчат околу нивните вратови и внимателното маневрирање помеѓу обичните скијачи.

b56a466ec25fe3be96b8becafca83226[1]

Не ни е страв

Израел е далеку попознат по пустините во своите јужни предели, отколку по успешноста во зимските спортови. Сеедно, ски-центарот на Хермон има 14 скијачки стази и располага со доволно капацитет да прими до 8000 посетители дневно.

Во Израел нема многу снег. Затоа, кога има, претставува вистинска атракција и ги привлекува посетителите кои ги има од секакво потекло: забулени Муслиманки, ултра-ортодоксни Евреи, а и војници на ЕУ, кои кога не се на должност доаѓаат во ски-центарот за да се релаксираат.

Најопасните испукани проектили се оние од снежни топки.

000_7B2D9-635x357[1]

Стравови и мечти

Еден од тие посетители, 28-годишниот Итај, вели дека кога доаѓа на Хермон (од каде го дели тричасовно патување) се чувствува исто како да е некаде на одмор во странство. „Не престанавме да патуваме со автобус заради тоа што може да биде разнесен, или не престанавме да сурфаме само затоа што може да има нова војна, исто како што Французите не престанаа да одат на концерти само затоа што имаше напади“, објаснува Итај, со тоа отсликувајќи ја општата ментална слика на Израелците, но и на другите нации навикнати на насилни конфликти.

А бомбардирањата многу погласно се слушаат во селата под ски-центарот, отколку таму. Патролниот шеф Абу Салех, кој како и мнозинството од персоналот потекнува од околните села, сонува дека еден ден регионот ќе биде побезбеден и мирен, и дека пистата ќе се протега до станицата во Сирија, од каде што секој ќе може непречено да се врати преку либанскиот ски-лифт.

h_51734938[1]„Секојдневно кога доаѓаме овде, мислиме на тоа што се случува во Сирија – деца и бегалци кои спијат во шатори на студот. Доаѓаме овде со нашата опрема, со нашите скијачки одела, а пак го чувствуваме студенилото. А тие? Сепак, не можеме да направиме многу одовде. Само сакаме да заврши што е можно побрзо“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here