Да знаеше смоквиниот лист да зборува…

СПОДЕЛЕТЕ

smokvin list

Пред година и кусур, римскиот музеј „Капитолини“ се најде на насловните страни во меѓународните весници, откако ги покри древните римски голи статуи со дрвени сандаци, за да не го навреди иранскиот претседател Хасан Рухани. Не се знаеше дали потегот беше по барање на делегацијата или чисто резултат на италијанската дипломатска параноја, ама стремежот да се покриваат голите дела е стара пракса во уметноста, а низ европската историја имало многу „Хасани“. Еден од најпопуларно користените „покривачи“ бил смоквиниот лист.

Трендот потекнува од Библијата: кога Адам и Ева ќе каснат од „Дрвото на знаењето“, тие почнуваат да се срамат од својата голотија за прв пат, и се покриваат со импровизирани покривки направени од лист од смоква. Оттаму, најстарите примери на смоквини листови – употребени во улога на црна лента со натпис „censored“ – се среќаваат во илустрациите на приказната за Адам и Ева.

400px-B_Escorial_18
Адам и Ева во шпански манускрипт од X век.

Во 16-от век, се јави голема загриженост околу голотијата во уметноста, како последица на контрареформацијата, кога Католичката црква нареди сите голи фигури да бидат покриени, и во старата, и во новата уметност. На почетокот, „срамните делови“ беа покривани со сè што ќе се покажеже како корисно, како гранки, или во некои случаи – змии. За време на 17-от век, сепак, смоквиниот лист стана стандардната направа за прикривање. Во 1640-тата, папата Иносент Х отиде дури и дотаму што ги замени сите видливи гениталии на древните римски статуи во колекцијата на Ватикан со метални смоквини листови.

gdad9r84xh78ufsixcc5[1]
Статуа на Херкулес, од II век, во Ватикан

Еден особено познат пример е гипсениот смоквин лист на монтирање, специјално направен за да ги покрие интимните делови на „Давид“ на Микеланџело, при изложбата во чест на кралицата Викторија во 1857-мата. Според објаснувањето на музејот „Викторија и Алберт“, каде што денес се наоѓа статуата, приказната вели дека при нејзината прва средба со скулптурата на Давид во Музејот, кралицата Викторија била толку шокирана од голотијата, што бил побаран пропорционално голем смоквин лист. Оттогаш гипсениот лист бил чуван „на готовс“, за во случај на други кралски посети, кога бил закачуван на фигурата со помош на две стратешки наместени куки.

pg9iztbykfwohldlc6rc[1]

Дали смоквините листови навистина промовираат скромност? Како што посочува Алдерсеј-Вилијамс во неговата книга „Анaтомии: Културна историја на човечкото тело“ – не баш. Да, смоквините листови во средновековната и подоцната уметност ги покриваат „навредливите делови“, ама не се баш најсуптилни од аспект на формата. Случајно или не, во речиси сите уметнички дела, смоквиниот лист е така стратешки поставен што неговите три централни ресички речиси совршено го отсликуваат пенисот и тестисите зад него, додека останатите две несомнено потсетуваат на локни од пубични влакна.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ