Илајџа Вуд ќе пушта музика во МКЦ

Во рамки на шестото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ што ќе се оддржи на 04 јуни, сабота, во МКЦ Скопје, јавноста ќе може да го види актерот Илајџа Вуд зад диџејскиот пулт.

cda456c2-9fff-4270-96e4-8af9b8dcbc75
Првиот потврден изведувач за годинешното издание на фестивалот е WOODEN WISDOM (DJ SET) + DJ FITZ.

Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд. Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!

Илајџа Вуд е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак и патуваат ширум светот и прават одлични забави.

df183017-bf49-42fd-ab1b-c57e809dbdc1

Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувале или сè уште верува во психоделичната музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!

Другите изведувачи и детали околу Здраво Млади #6 – наскоро!

738dd821-e1e1-4483-868a-29d3d8fcc784

- Реклама -