Повторно Чешка за СП!

kircalaz

Македонската ракометна репрезентација ќе ги одмери силите со Чешка во баражот за СП 2017. Мечевите ќе се одиграат во јуни, а репрезентацијата која ќе биде поуспешна, ќе оди на Светското во Франција.

Чесите ни се добро познат противник, па еве како досега сме играле со нив.

Квалификации за ЕП 2016:

Чешка – Македонија 27-27

Македонија – Чешка 32-28

ЕП 2014 Данска:

Македонија –Чешка 24-24

ЕП 2012 Србија:

Чешка – Македонија 21-27

ЕП 1998 Италија:

Македонија – Чешка 18-38

Квалификации за СП 2007:

Македонија – Чешка 36-31

Чешка – Македонија 43-25

Квалификации за ЕП 1996:

Македонија –Чешка 27-27

Чешка – Македонија 33-16

ОСТАНАТИ ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ ЗА СП 2017

Исланд – Португалија, Белорусија – Латвија, Данска – Австрија, Шведска – БиХ, Чешка – Македонија, Полска – Холандија, Русија – Црна Гора, Србија – Унгарија
Словенија – Поразениот на натпреварот за трето на ЕП 2016

- Реклама -