Кој број носиш? Сеедно

СПОДЕЛЕТЕ

rud

Каролин Волеруд сака да заборавите кој број се чевлите што ги носите. Веројатно бројката и онака не е најпрецизното мерило за сложената анатомска структура на нашите нозе, па затоа различни брендови, различно ги нумерираат чевлите што ги користат.

473076767_d1
„Половина жени редовно си купат чевли кои што не им се точни”, вели 25-годишната Волеруд за Forbes.

Нејзината компанија Volumental, која е со седиште во Стокхолм, има за цел да го реши овој проблем еднаш-засекогаш. Од 2012 година, Волеруд работи заедно со тројцата ко-основачи на компанијата, по создавањето на технологија што користи 3D скенирање, со што се гарантира совршен избор на чевли според стапалата.

Хардверот на Volumental вклучува платформа која што наликува на високотехнолошка вага. Сè што барателот на чевли треба да направи е да застане на него, по што неколку камери прават 3D скенирање на секоја нога. Софтверот на компанијата, кој користи технологија од Intel и Microsoft ги чита податоците, меѓу кои должината на сводот на стапалата и ширината на предницата, кои во продавницата за чевли тешко би се измериле со помош на традиционалните алатки. Потоа 3D сликата се прикажува на екранот, што му овозможува на продавачот во продавницата за чевли да му понуди препораки на секој клиент.

rud1

Лицето за продажба ќе може да му каже на купувачот кој од достапните чевли најдобро би му прилегале.

Првото големо партнерство на Volumental во САД со синџирот Nordstrom беше најавено на почетокот на оваа недела. Компанијата веќе има пуштено скенери во Јапонија, кои се користат за развој на апликација со која корисниците ќе можат да добиваат препораки за чевли.

Технологијата на Volumental се користи и за правење на чевли по нарачка од страна на компании како шведската Falchenberg и германската Scarosso. Додека ја презентира својата технологија во САД, Volumental истовремено развива и втор бизнис – скенирање на лица за потребите на марките за очила. Скенерите на компанијата обезбедуваат точна 3D топографија на лицето кое цели очилата да му одговараат совршено.

Volumental соработува со германската компанија Mykita која ги продава своите диоптрични и очила за сонце во над 80 земји.

rud3

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ