Обама: САД се најмоќната држава во светот!

Меѓународната јавност ги смета за свој водач Соединетите Американски Држави, а не Русија или Кина. Ова го изјави американскиот претседател Барак Обама во своето последно обраќање “За состојбата на Унијата” на Конгресот на САД.

_87677966_hi030899574

„Кога станува збор за најважните меѓународни прашања, луѓето во светот не се стремат да ги следат Пекинг или Москва, тие не гледаат нас“, истакнува Обама.

Во својот говор шефот на државата го изрази мислењето дека Украина и Сирија треба да излезат од орбитата на влијанието на Русија.

Американскиот претседател искажа и разочарување од партискиот тон на дебатите во Вашингтон и призна дека не успеал да помогне да се намалат тензиите меѓу политички поделените републиканци и демократи.

„Едно од ретките нешта за време на мојот мандат, за кои искрено жалам е тоа што непријателството и сомнежот меѓу партиите станаа уште подраматични“, рече Обама за време на својот говор.

„Нема сомневање дека на времето Линколн или Рузвелт успеаа да протуркаат мостови над поделбите, но гарантирам дека ќе продолжам да се обидувам да бидам подобар додека сум на функцијата “, рече Обама.

_87678012_92618237-674b-4662-968c-1d2773d7826d

Тој вети и дека ќе ги забрза напорите да се направи најсилната економија во светот независна од она што тој го опиша како “валкана енергија”.

„Наместо да го субвенционираме минатото, ние треба да инвестираме во иднината, особено во заедниците кои се потпираат на фосилни горива. Сите тие приказни за американскиот економски пад се празни политички фрази, како и сета таа реторика која ја слушате дека нашите непријатели стануваат се помоќни, додека Америка слабее, рече Обама, истакнувајќи: „САД се најмоќна држава во светот. И точка“.

Тој исто инсистираше американските законодавци да го одобрат законот за употреба на воена сила против “Исламска држава”. “Ако Конгресот има сериозна намера да ја добие војната против тероризмот и сака да испрати сигнал до нашите војници во целиот свет, тогаш вие мора конечно да употребите вооружени сили против групата ИД”, рече Обама.

Тој рече и дека САД треба да водат светски напор за изнаоѓање на лек против ракот.

“Поради љубовта на оние кои сме ги изгубиле, заради семејствата што уште можеме да ги спасиме, да ја направиме Америка земјата, која ќе го излечи ракот еднаш засекогаш”, заврши Обама.

- Реклама -