Што предвиде “Eкономист” за светот во 2016?

СПОДЕЛЕТЕ

„Иднината не е како што била некогаш“, рекол Јоги Бера, и тоа сигурно важи и за ова издание –  вака светски познатиот весник “Eкономист” го започнува својот јануарски број во кој традиционално секоја година дава предвидувања за тоа како ќе изгледа светската политичка сцена во престојната година.

0

„Светот во 1987 година ја гледаше иднината низ затоплување на односите на Америка, Роналд Реган и на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов. Овој пат, во нашето 30-то издание загрижени сме поради агресивната Русија и Кина, која покажува мускули – и истражуваме работи кои за кои не се ни чуло пред три децении, како што се м-пазарот, финансиските технологии и бебињата со 3 родители“, стои во обраќањето на уредникот Даниел Френклин, кој понатаму додава:

„По повод обележувањето на 30-годишнината имаме специјален оддел за различните начини на гледање на иднината. Придонесоа канадски романописец, американски трендспотер, иновативен израелски „дизајнер на утрешнината“ и омилен австралиски астролог. ТУКА наскоро ќе можете да кликнете на раширената слика од насловната и онлајн да ги истражувате статиите од сите 30 изданија.

Што се однесува до 2016 година може да се сумира во три збора: лелекање, жени и победа. Лелекањето за жал ќе одекнува во изобилство од арапскиот свет, додека луѓето навлегуваат од Сирија и другите разурнати места; европското управување со мигранстката криза ќе остане жално несоодветно. На економскиот фронт ќе има малку нешта за радување: перформансите на пазарите во развој, вклучувајќи ја и Кина, која забавува, ќе бидат разочарувачки и ќе го забават глобалниот пораст. Делумно како резултат на тоа, корпоративниот профит исто така ќе разочара.

Вo меѓувреме, жените ќе се најдат во срцето на многу важни одлуки што ќе се донесат во 2016-та. Инвеститорите ќе гледаат како каматите на Федералните резерви растат, а со нив управува Џенет Јелен. Хилари Клинтон ќе биде кандидатот што можеби победува за трката во Белата куќа. Германската канцеларка ќе биде на чело на одговорите на ЕУ и за мигранстката драма и за мигрантските барања што ќе ги постави ОК пред референдумот за излегување од ЕУ…

Повеќе можете да прочитате во специјалното издание на Британскиот економски магазин “Економист” кое за прв пат годинава излезе на македонски јазик.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ