Десет неетички психолошки експерименти

СПОДЕЛЕТЕ

10 познати психолошки експерименти кои никогаш не би се случиле во нашите денови – од етички и морални причини. Сепак, овие експерименти и до денес ни го покажуваат огромниот потенцијал на социјалната психологија.

Американската асоцијација на психолозите сега има свој кодекс на однесување кога станува збор за етика во психолошките експерименти. Организаторите на експериментот треба да почитуваат различни правила – од доверливост – до согласност за сеопфатната благосостојба. Има и комисии кои го наметнуваат почитувањето на оваа етика.

eksperimenti

Но стандардите не секогаш биле толку строги, па еве зошто се случиле и некои од најпознатите студии во светот на психологијата.

1. Експериментот со малиот Алберт

Во 1920 година на Универзитетот “Џонс Хопкинс” Џон Б. Вотсон спроведува истражување на класичното условување – феномен кој комбинира условен поттик со безусловен стимул, додека да доведат до ист резултат.

Овој тип условување може да предизвика реакција кај човек или животно кон објект или звук, кој претходно бил неутрален.

Вотсон тестира класично условување со 9-месечно бебе по име Алберт Б.

На малото момче на почетокот на експериментот му се допаѓале животните, особено еден бел стаорец. Вотсон почнува да го комбинира прикажувањето на стаорци со силен звук од чекан кој удира по метал. Алберт пак почнува да развива страв од белите стаорци, како и од повеќето животни, а исто така и од објекти кои се покриени со кожа.

Експериментот денес се смета за особено неетички, бидејќи Алберт никогаш не е десензитивиран во однос на фобиите предизвикани од Вотсон. (Детето умира на 6-годишна возраст од болест која не е поврзана со експериментот, па лекарите не успеваат да утврдат дали фобиите би му се задржале и во зрелата возраст).

- Реклама -