Возете внимателно: Единаесет сообраќајки вчера во Скопје

СПОДЕЛЕТЕ

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

снег-во-Скопје-43

Од нив, девет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник и еден пешак.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Шест возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и девет возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

По повод чествувањето на верските празници Бадник и Божик од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување со цел непречено одвивање на манифестациите. На 6 јануари, ќе биде извршено примопредавање на бадникарскиот ќуп помеѓу досегашниот и новиот бадникарски кум. Пајтонот ќе се движи по следната маршрута – од пред зградата на стара Народна техника на бул. „Партизански одреди бр. 101“, по крстосницата со бул. „ВМРО“, полукружно на бул. „ВМРО“ во продолжение на бул. „Партизански одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде традиционално ќе биде извршено примопредавање на кумството во 10 часот. По извршеното примопредавање новиот кум со пајтонот ќе продолжи од бул. „Партизански одреди“ пред Соборниот храм, лево на бул. „Св. Климент Охридски“, лево на ул. „Димитрија Чупоски“, во продолжение десно по ул. „11 Октомври“, лево по ул. „Филип Втори“, десно на паркинг просторот пред ресторан „Стара куќа“.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ