Бев со Френк Синатра и Џони Холидеј

СПОДЕЛЕТЕ

dolneniВо Долнени, родното место на светскиот виртуоз на гајда, Пеце Ата­на­со­ски, живее големиот македонски авантурист и страдалник Александар Та­ле­ски – Цане. Во својата младост Цане се оженил шест пати, имал две де­ца, но затоа пак успеал да заведе и продаде 80 жени од Копенхаген, Малме, Мар­сеј, Барселона.


dolneni

Во Долнени, родното место на
светскиот виртуоз на гајда, Пеце Ата­на­со­ски, живее големиот
македонски авантурист и страдалник Александар Та­ле­ски – Цане. Во
својата младост Цане се оженил шест пати, имал две де­ца, но затоа пак
успеал да заведе и продаде 80 жени од Копенхаген, Малме, Мар­сеј,
Барселона.
 
На брод од 360 тони носивост дрогата ја криел каде што сакал. Вртел толку пари што не еднаш од нив правел топка со која играл. Вели: “Залудно ме спасија Стојан Андов и Лазар Мојсов, залудно од за­твор ме ослободија двајца адвокати. Ако не ме одбранеа, ќе одлежев 17 го­ди­ни, колку што бев осуден во Франција и денес ќе бев слободен, во све­тот на жените. Зошто ми е слободата кога ми се одземени сите лични ис­пра­ви. Во Долнени ме убива самотијата, пропаѓам заедно со татковото трош­но куќарче”.
 
dolneni2 Мом­че­то од Долнени не само што доаѓал  до жените од високите кругови, туку доаѓал во допир и со славните имиња, какви што во тоа време биле Френк Си­на­тра и Џони Холидеј. Го прашуваме како дошол до нив.- Се­дев со Синатра и Холидеј. Зошто да не седев, кои беа тие? Френк Си­на­тра беше обичен мафијаш. Имав големи пари, а ако имаш пари можеш да бидеш во друштво со секого. Џони Холидеј имаше најголема приватна зо­о­ло­шка градина, вели Цане.Ка­ко доаѓал во друштво на жените, како ги продавал, каде, колку за­ра­бо­ту­вал?

– До жените најчесто доаѓав на пристаништата каде застануваа бро­до­ви­те со кои патував. Имав чувство да дојдам до жена која има висока цена. Пред се таа мораше да биде руса и да не биде постара од 19 години. Во мо­ја­та врска со жените, посредуваа стројници. Стројникот имаше убава цена ко­ја не беше повисока од 2000 долари, а убава жена на Блискиот Исток има­ше цена од 10 до 15 илјади долари. Жени продавав во Александрија, во Истан­бул, во Бангкок.

 
Но, што се случи? Ортакот на Цане Талески, со кого работел на бродот го по­тка­жал на француската полиција и таа го затворила. По 26 месеци по­ми­на­ти во затвор за него се ангажирале двајца адвокати, еден од Сплит и еден од Ница – и од 17 години, колку што бил осуден да одлежи, го пу­шти­ле на слобода.
 
 
 
- Реклама -