Норвешка го има совршениот подарок за 100-годишнината од независноста на Финска

СПОДЕЛЕТЕ

На 6-ти декември 2017-та, Финска ќе прославува 100-годишнина од нејзината независност од Русија. Норвежаните мислат дека го имаат совршениот подарок за нивните многу сакани соседи. Имено, започна кампања која предлага да се помести границата за неколку стотина метри, со што Финска ќе го добие планинскиот врв на граничната планина Халти. Кампањата добива сé повеќе популарност, а ја поддржа и шефот на Норвешката агенција за катастар.

halti
Граничната ознака на падината на Халти, во моментов е највисоката точка на Финска.

Во моментов, највисоката финска точка врв се наоѓа на падината на Халти – 1,324 метри. Ако Норвешка прифати да ја помести границата, планинскиот врв висок 1365 метри ќе и припадне на Финска, со што земјата ќе го добие својот прв највисок врв. Од друга страна, за Норвешка тоа нема да биде некоја преголема отстапка, ниту пак ќе се одрази на големината на територијата на било која од двете земји. Халти не се вбројува ниту помеѓу 200-те највисоки врвови во Норвешка.

„Практично нема да дадеме ни дел од територијата. Разликата ќе биде одвај забележлива“, изјави за Телеграф пензионираниот вработен во норвешкиот катастар, кој ја предложи идејата. „Сигурен сум дека Финците многу ќе го ценат овој чекор“. Идејата му дошла уште додека работел во граничниот регион во 1972-та, а решил да ја предложи годинава, по повод финскиот јубилеј.

…А сега извинете ме, одам да сонувам некој сличен подарок за напатената ни Македонија.

- Реклама -